ПРВИ ВО ФИСКАЛИЗАЦИЈАТА

ВИКЕЛИ

Канцелариски и училишни материјали на мало и големо

Кирил Ристески кој е дипломиран машински инженер, чувствувал дека во себе има повеќе капациет успешно да се носи со менаџерската функција на сопствена фирма. Се втурнал во приватната инцијатива во 1995 г. Го напуштил удобното место во Микрон и со колега ја создале компанијата Викели. По петгодишно ортачко водење, се разделиле без збор попреку, со измирени обврски, небаре на аптекарска вага. Ристески се решил да не го менува името на компанијата, туку само да го надгради брендот на фирмата создаден првите години. Денес фирмата е мултидисциплинарна. Работи во повеќе сфери. Познати сме во фискализацијата. Голем дел од Прилеп е опремен со “наши” фискални каси. Овластен сервисер сме и продавач. Производители сме на фискални ленти. Хартијата ја конфекционираме, ја пакуваме и ја продаваме. Продаваме и компјутери, одржуваме и изработуваме компјутерски мрежи. Паѓа продажбата на хардвер, а софтверите одат нагоре – вели Ристески. Продаваат и канцелариски и училишни материјали на мало, со продажен простор во центарот и на големо и со поголем број фирми од Прилеп и државата. Меѓу првите се во изработката на сувенири, ласерски гравирања, изработка на суви жигови и печати итн. Гравираме претежно дрво, стакло и пластика, како и специјални материјали, кои се метализирани. Најчесто услугата ја бараат и поединци, клубови, фирми. И туристите кои доаѓаат во Прилеп наоѓаат задоволство во ласерски изгравираните предмети. Располагаат со софистицирана ласерска опрема, со машини за обработка, бојаџилница, колор ласерски принтери. Вработените се високо образовани стручни кадри. Нудат и софтверска програма. Во рамките на фискалната програма имаме неколку програми кои се типски, специјализирани, ги продаваме и ги одржуваме – вели Ристески. Постојано Викели се надградуваат, ја следат новата технологија и обезбедуваат нова опрема. Следат тендери, електронски аукции и се стремат да се во врвот на случувањата.

Билбордите се 24 часовна реклама

Располагаат со билбордите од 12 квадрати. Очекуваме зголемен интерес. Дел од фирмите се свесни за ефектот од рекламата, со присутоста кај граѓаните 24 часа. Билбордите се осветлени. Рекламата поздравува, потсетува, информира, кажува – вели Ристески.

Саат кулата – прилепски сувенир како Пиза

Развиваат серија на сувенири кои сметаат да бидат прилепски автентични и препознатливи. Посебен осврт имаме за линијата за сувенири. Засилени сме и стручно и со опрема. Ја потенцираме саат кулата како нешто неизбежно. Таа е прилепска Пиза. Она што е Пиза за Италија, сакаме саатот да биде за Македонија. Тука е и споменикот на Александар Македонски и други предмети кои се синоним за градот – вели Ристески.

Loading