РАЈОТ ВО ЗЕНИЦАТА, СВЕТОТ НА ДЛАНКА

Лион Олимпик

Високо професионалната услуга и квалитетот без лажење, односно вредност за пари, е брендот и имиџот

Весна Апостолоска во туристичката дејност е 11 години, а со менаџирањето на туристичката агенција Лион Олимпик успешно се справува веќе пет години. Како специјалност на агенцијата се букинзите на хотелските резервации ширум светот и пакет авионските и автобуските билети, односно “аутгоинг” туризмот. Не само во летните месеци, кога вообичаено се летувањата, агенцијата има полни раце работа цела година. Вршат продажба на авионски билети и автобуски пакет аранжмани, како и индивидуални резервации на хотелски услуги ширум светот. Најчесто се летува во Грција, се продаваат авио билети за Австралија, Америка, а нашинците кои доаѓаат на одмор се редовни патници заинтересирани за чартер авио и автобуски резервации. Изборот е на патниците! Постои сериозна професионална конкуренција како во сите дејности. Патниците се умни да одберат вредност за пари. Нудиме високо професионална услуга. За квалитетот на услугата, нема лажење, вредност за пари, плаќаш и добиваш за платеното. Тоа е брендот и имиџот – вели Весна Апостолоска. Таа располага со лиценца за овластен туристички водич на англиски и француски, која овозможува професионално и непречено движење со група во Македонија, а лиценцата туристички придружник овозможува непречено движење со групи надвор од Македонија. Има лиценца за управител на туристичка агнеција и сертификати за продажба на билети. Процедурата за ЈАТА амадеус сертификатот, кој е потребен за продажба на авионски карти, е во тек и наскоро ќе се стекне и со тој сертификат. Како и секој професионалец, максимум вложувам, свесна за актуелната економска состојба, за пазарот. Задоволна сум, оти чекор по чекор, од мала туристичка агенција успеавме да се истакнеме на пазарот, да нé препознаваат како квалитетен туристички сервис цела година – вели Апостолоска. Според неа, сите чинители во создавањето на туризмот како бизнис, терцијална гранка, потребна е поголема соработка меѓу хотелите, рестораните и агенциите и новинарите, што го чини еден туристички производ да има пониски цени.

ЛАСТ МИНИТ НЕ ВАЖИ ЗА ТУРИСТИЧКИТЕ АГЕНЦИИ

Билети за нискобуџетните авио компании се букираат исклучиво на он лајн букинг систем за нискотарифни цени. Туристичките агенции немаат право на продажба на такви летови.

ФРАНЦУСКАТА ЉУБОВ СЕ ПРЕТОЧИ ВО ИМЕ

Уште како матурант сакала да биде туристички водич. Желбата ја опишала и во темата “Мојата професионална оринетација”, која била наградена од општината со комплет книги од Марко Цепенков. Сонот и се исполнил по завршувањето на Факултет за туризам и угостителство. Добила специјализација во Лион Франција. Искуството и љубовта кое го стекнала во Франција било пресудно и агенцијата да ја нарече по францускиот град, додавајќи го и името на фудбалскиот клуб.

Loading