ЗРАКОТ КОН ЗЕНИТОТ СЕ НАЅИРА

Brojni prijateli od politickiot, biznis,  kulturniot i sportskiot sektor ja cestitaa trigodisninata

Неделниот весник Зенит излезе од кожурецот, самостојно и храбро, подавајќи се кон зенитот. Се одлепи од родилните маки, од пелените, како што знаеше нашиот пријател Џими да го претстави како новороденче кое штотуку проодело на првиот роденден. А оваа трета, не дека е многу голема, но е значајна годишнина, затоа што се профилира омиленото петочно четиво на прилепчани. Се зграпчи вкусот на пребирливите читателски гладни очи за вистина. Се преоруваат сеќавањата, се будат спомените кон минатото, се пишуваат приказни за обичните, но сепак необични прилепчани кои се посебни по професијата, хобито, пасијата, табиетот. Со заедничка чашка пијалок и со закуска од нога, збогатена со префинетиот музички фон од клавијатурите на Менде Ташкоски, минатиот петок, во хотел Сонце, Зенит го прослави својот трет роденден. А на роденденскиот коктел многу гости, пријатели, локалниот врв на чело со градоначалникот Марјан Ристески, политичари, бизнисмени, раководители на установи и институции. А во секој од нив лежи и витински читател, затоа што Зенит е неделник кој е мултидисциплинарен со рубрики наменети за сите вкусови. Се виде зракот кон зенитот, а зенитот се достигнува само со несебичната понатамошна заедничка соработка. Редакцијата и натаму гарантира објективно и сеопфатно информирање за секоја педа од општината, за секое случување и бранување кое се појавува во прилепскиот атар. Велат зенитот е највисока точка кон која се стремиме, единствено со поддршката на читателите! Да го продолжиме заеднички танцот кон ѕвездите, само така тие ќе блеснат со нас!

Loading