СРБИ И ИТАЛИЈАНЦИ ПРАВАТ ПРОФИТ ОД ПЕЧУРКИ

Бимфуд

Странската инвестиција од 1,2 милиони евра на семејството Биќанин од Прокупље, има тенденција да се прошири во доменот на замрзнувањето на пиперки и кромид

Иван и Милан Биќанин, иако се Срби од Прокупље, станаа прилепчани, заради бизнисот. Со преработувачкиот капацитет за овошје и зеленчук, лоциран на излезот кон Битола, се интегрираа во бизнис секторот, овозможувајќи на значителен број прилепски фамилии солидна егзистенција. Бимфуд е фирма – странска инвестиција. Дел е од синџирот на италијанската компанија “Версил Фунго”. Присутни се од февруари 2007 г., прво во Куманово, а од 2008 г. со сопствен откупувачки и преработувачки капацитет во Прилеп. Ориентација им е откупот на сите видови печурки и шумско овошје. Откупуваат вргањ, лисичарка, смрчак, ѓурѓевка, руиница. За лисичарката мерак биле Германците, Австријците, Холанѓаните, а вргањот го саккат во Италија. Другите се дегустираа во Шпанија и во Франција. Се испорачувала руиница и за Кипар. Печурки собира цела Македонија, а се преработуваат во Бимфуд во Прилеп. Дел се сушат, се замрзнуваат, се маринираат и се пласираат во зависнот од видот на печурката. Се чистат, се варат и се ставаат во буриња со одредена технологија – објаснува Иван Биќанин. А за тоа зошто се определиле за Прилеп, пресуден бил позитивниот став за развој и овозможување на странска инвестиција во градот. Најнапред имавме откупен пункт. Видовме позитивна клима и решивме, тука да правиме бизнис. Помогна локалната самоуправа со градоначалникот Марјан Ристески. Изградивме 1700 метри квадратни под покрив. Вложувањето најнапред беше 600 илјади евра, а потоа уште толку и достигнала до 1, 2 милион евра – вели Биќанин. Задоволни се. Планираат да го развиваат бизнисот со откуп на зеленчук. И тоа оној што го има во прилепско. А тоа се пиперките и кромидот. Планираме да набавиме линија за замрзнување зеленчукот. Има пласман во Европа за замрзнати пиперки и кромид – вели Биќанин. Сметаат дека има поволни климатски услови за печурки. Соработуваат со откупни фирми. Откупуваат и шумски плодови. боровинка, капинка и малина. Прилепскиот регион не помалку богат во споредба со другите региони како Демир Хисар, Ресен, охридско, Гевелија, Струмица… Браќата Биќанин за три години се адаптирале и навикнале на прилепскиот табиет и живот.

Loading