КАДЕ ЗА ПРВИ МАЈ?

После покусата работна недела, и на учениците им доаѓа пак продолжен одмор. В понеделник нема да се чуе детскиот џагор во училишните дворови, оти в недела е први мај – меѓународниот ден на трудот. Празникот најчесто се прославува со излети и прошетки во природа. Семејствата со поголем буџет можат да си дозволат децата да ги прошетаат надвор од границите. Дел од младите веќе се “заразени” со излетничката првомајска треска. Се предлагаат дестинации за пикник во околината, крај манастир, ливада, чешма, се организираат скари, се токми содржината на софрата, се ангажираат реквизите за забава, се подготвува облека за сонце или дожд. Некои поскауваат да уживаат на жуборот на река, некои да ги плакнат очите во планината, а некои посакуваат да имаат засолниште во викендичка. Околината е богата со пејзажи за дружба со природата. Најважно е да се излезе од четирите ѕида, да се остави компјутерот и фејсбукот и малку да се дружиме со природата.

Loading