ГРСТ НАГРАДИ ЗА НАЈДОБРИТЕ

Со бројни награди се враќаат од музички мегдани учениците од музичкото училиште “Ордан Михајлоски – Оцка”. Александар Цветаноски на хармоника, во класата на наставникот Владимир Андревски, беше најдобар на четвртиот меѓународен музички натпревар во Аранѓеловац. Успеа да го освои првото место. Тој се закити и со втората награда на државниот натпревар за млади музичари. На вториот државен натпревар за млади музичари, Димитар Богески на кларинет во класата на наставникот Драгољуб Бузески се качи на првото место. Меѓу хармоникашите, свирка за прво место направи Стефан Трајкоски од класата на професорот Кети Милеска. Со признание за мајсторски отсвирен репертоар на хармоника се стекна Филип Петрески. Илија Бозески на труба во класата на наставникот Ристо Мечески го освои второто место. На меѓународниот натпревар за гудачи Марија Јанчулеска на виолина во класата на Весна Станкоска зеде трета награда, а пофалени беа Софија Станческа и Галена Чавкоска во класата на наставникот Оливера Гемту. Дека професорите во училиштето имаат квалитетен ангажман за надградба на надарените деца потврди и Велигденскиот концерт на отворено, на кој учениците покажаа високи музички дострели.

Loading