ИНВЕНТИВЕН ВЕЛИГДЕНСКИ ПАНАЃУР

На Велигденскиот панаѓур, учениците од О.У. “Блаже Конески” демонстрираа креативност, љубов и хуманост. Во очи ни паднаа интересни уметнички слики. “Виновници” за дополнување на празникот со празник за очите се инветивни и надарени деца. Христина објасни дека сликале првин во линорез на плоча, потоа премачкувале со боја и на крајот пресликувале на лист. Другарка í Милена дополни дека цртежите ги создаваат учениците од седмо одделение од ликовната секција со помош на наставникот Ицко Јакимоски. Не помалку атрактивни беа и творбите на учениците од 5-3 одделение, со наставничката Павлинче Темелкоска Ристеска “им дошло на ум” да направат велигденски украси, икони, зајачиња, корпиња за јајца, пченица во корпиња… Манифестацијата јакни традиционалните вредности и ги откријва или разбудува уметничките гени кај децата. Собраните средства од продадените “уметнички дела”, децата ќе ги насочат во подобрување на условите во подрачното училиште во Варош.

Loading