“КАЈ БАЛЧЕ”, НА КЕБАПЧЕ

Најмногу се јаде мелено месо на скара, а најдобра реклама се муштериите

Нема прилепчанец кој не пробал, не каснал од вкусната и единствена скара подготвена “Кај Балче”. Рецептот за успех е во тоа што амурот дополнително се преработува. Во угостителството, сопственикот Горан Видоски е 22 години, бидејќи по струка е готвач, со завршено средно угостителско образование во Крушево. Започнал најнапред да работи по сендвичари, а и војска бил готвач. Кулинарскиот мраз го скршил во гостилница кај Солидност. “Печел” занает низ повеќе кафеани по 13-15 часа дневно само да научи повеќе, да “укради” мајсторилак за сам да го вади лебот со послужување и угостување на приберливите прилепски боеми. Не го привлекувале само парите, туку мирисот и кулинарската вештина за тајната на вкусот кој ќе го тера гостинот повторно да го посети објектот. Пред 8-9 години започнал со сопствена гостилница, откако се сторил семеен човек. Квалитетот е тоа што ја прави кафеаната “Кај Балче” меѓу подобрите во градот. Амурот има посебна изработка да се добие вкусот, шмектот кој го посакувам, односно да биде двојно преработен. Не се плашам од конкуренција, бидејќи знам дека сé се постигнува со работа. Ако некој проба, сакам да го привлече вкусот и мирисот. Не ми треба реклама ниту на ТВ, ниту на радио. Најдобра реклама се муштериите, кои ќе дојдат, ќе пробаат и ќе раскажуваат. Ми лежи работата, иако е деликатна, со луѓе со разни карактери – објаснува Горан Видоски. Во кафеаната снимен е и спот за рап песната “Кај Балче”. Веќе две години е на локација кај пазарот, на околу 100 квадрати, за 60 гости или фамилијарни веселби. Половина од продукцијата му е на порачки на скара за дома. Видоски е скромен, вреден како пчела. Иднината на бизнисот ја гледа во проширување на бројот на гостите и постојаното одржување на квалитетот.

Loading