ДРВЕНИ “ЧУДА” ЗА ТОПОЛ ДОМ И БИЗНИС ПРОСТОР

Столарија Бал – Сан

Планираат изградба на производствен погон и изложбен салон

Проработил наследниот фактор и кај Благоја Подигачоски. Иако е дипломиран економист, тој не работи на струката, туку е столар. Имиџот кој го наследил од татко му Стеван, го продолжил само името и го сменил на фирмата за да ги содржи и имињата на синовите со кои несебично го освојува пазарот со желба за проширување. Веќе купил и плац со довод на вода и струја во близина на фабриката Билјана. Сака да гради, ем производствен, ем изложбен салон. Нетрпеливо го чека донесувањето на Генералниот урбанистички план за да се впушти во инвестиција која планира да ја заврши за три години. Подготовката ја започнал од 1996 г. На површина од 3,5 декари, семејството планира под покрив да стави 350 квадрати за производствен погон и уште толку, за галерија на готови производи. Не брзаат. Тераат кротко, чекор по чекор, но сигурно со тридецениско искуство за себе. Името на фирмата покрај моето ги содржи и кратенките на тројцата синови – Александар, Стеван и Антонио. Бал – Сан “фигурира” од 1990 г. Пред тоа беше самостоен дуќан “Стеван” од 1967 година – вели Благоја Подигачоски, сопственик на Бал – Сан.

По татковите стапки

Изработката на дограма и ентериери ја наследил од татко му Стеван, ја осовременил и модернизирал. Основата, темелот е најважната работа, над која, со многу љубов, го надоградил бизнисот. Од татко ми Стеван научив да влезам во кафеана и контактирам со прилепчани. Во градов сега има околу 500 лица кои се занимаат со дрвенарија, а регистрирани се 20 фирми. Некогаш биле седум мајстори. Татко ми работеше со сите големци, со ЦК. Се барало квалитет, се уредувале комплено станови, канцеларии по стари македонски стилови. Работевме во фирми, Комуналец, со Душко Боцески, со фирми, во Пиварница работиме и ден денес – вели Благоја Подигачоски. Работат и столарија и ентериери. Набавиле нови машини. Имаме нова комбинирка. Планираме в сабота на саемот за мебел да земеме преса за фурнирани врати, која вади 5 врати за 5 минути. Добиваме многу со брзина и квалитет. Најважна е идејата, а машината го скусува процесот. Преговараме за уредување на хотел. Доста е тешко за работа, особено со скопјаните. Се подготвуваат комплет станови. Бараат брзина и квалитет – вели Подигачоски. Ги “има” и во Битола, со ентериери за фирми и поединци, светларници, односно лицето за дуќани.

Модерни креации со нови материјали

Благоја повеќе преферира изработка на ентериери, а татко му бил “цар” за столарија. Пред две години, откако починал татко му, целиот бизнис е во рацете на Благоја и на трите сина кои му се десна рака. И тие се на Економскиот факултет, но ќе станат дограмаџии. Ориентирани се на нарачки. Готов мебел не изработуваат затоа што тоа бара простор за складирање. Малку ја чувствуваат економската криза, но сезоната на дограмата е со доаѓањето на пролетта. Сметаат дека перспективата е во новите материјали кои се јавуваат на пазарот и новите идеи. Влегуваат во домот и подготвуваат комплет скица. Металот и стаклото сé уште не ги користат. Муштериите најчесто сакаат повеќе слободен простор во домот со ситни работи, сандачиња. Очекуваат државата да ја заузда и регулира нелегалната конкуренција.

ДОЛАПИ ВО РОДНАТА КУЌА НА БЛАЖЕ КОНЕСКИ

Спомен куќата на Блаже Конески во Небрегово е збогатена со изработките од умешните раце на Столаријата Бал – Сан. Направиле и долапи за сместување на предмети кои ги користел основоположникот на македонскиот литературен јазик, Блаже Конески. Во 1996 г. го уредувале манастирот Зрзе.

БОГАТА ПАЛЕТА ПРОИЗВОДИ

Внатрешна и надворешна столарија иразботуваат во Бал – Сан. Надворешната дрвена столарија може да биде изработена од чам со повеќе начини на заштита како и тонирање кое се врши во зависност од желбата на купувачот. Медијапан врата гравирана на ЦНЦ – машина и заштитена со полиуретанска боја, дрвена врата изработена од бел бор заштитена со полиуретански сјаен лак, фурнирана врата заштитена со полиуретански лак се дел од производите. Бал – Сан традицијата ја продолжува понатаму. Вршат комплетно и современо уредување на домот и деловниот простор. Изработуваат кујни, комоди, спални соби.

Loading