ТУТУНОТ ЌЕ СЕ ЦЕНИ ВО ТРИ КЛАСИ?

Непознати цените за годинешната берба

Велес табак доцни со плаќањето на тутунот 50 дена, а државата ќе ја плати субвенцијата од 60 денари од килограм на крајот на мај

Олеснета е процедурата за евдинција за тутунопроизводство

Тутунарите можат да здивнат за в година, оти веќе е извесно дека годинешниот род ќе се проценува во три, плус една дополнителна класа. Но, не се познати цените на трите класи. Ако откупувачите не измислат некој трик за манипулација со квалитетот, можно е да се исправат неправдите и да се стесни можноста за манипулација. Од друга страна, министерот за земјоделство Љупчо Димовски уште отсега се заканува со одземање на лиценците за откуп и високи казни. Додека тутунарите веќе ги подготвуваат леите за расад, владее неизвесност и стравување колкави површини да се засадат. Им тежи одговорот на прашањето дали и колку откупувачите ќе ги зголемат цените. Се плашат да не бидат пак “избричени на суво” со ниски цени. Дел од тутунарите талкаат од врата до врата во потрага по парите од ланскиот род, оти откупната фирма Велес табак доцни со плаќањето 50 дена. Маки имаат и кооперантите на Струмица табак. И ним не им е платен родот три четири – недели. Други се туркаат пред ПЕ на министерството за земјоделство да го евидентираат претстојното производство, иако веќе се поедностави комплицираната постапка за регистрација и добивање на бели картони. Тутутнарите од Дебреште ги боли глава од околу 300 тони тутун дома. Никој не им го откупува. Данчо Милески, од здружението на тутунарите, стравува дека површините под тутун годинава ќе бидат за најмалку 30 отсто помали, поради неправдата што ја почувствуваа тутунарите со проценката и цените. Извесно е дека тутунот ќе се откупува во три, плус една дополнителна класа, а не во 13 како досега, што оставаше простор за манипулација. Ќе помини оваа варијанта за измени на правилникот за проценка на тутунот. Не се знае какви ќе бидат цените. Нив ги диктираат откупувачите. Ги потсетивме писмено на законската обврска да испратат нацрт договори до здружението. Одговор има само од Сокотаб од Битола. Писмото не е отворено и нема да се отвори, додека не стигнат цените на сите откупувачи. Не можам да кажам кои цени се нудат за трите класи. Тоа ќе се утврди во почетокот на април – вели Милески. Министерот Димоски се закани со сериозни санкции за откупувачите, дури и со одземање на лиценцата, кога ќе се утврди погрешна проценка на тутунот над 30 насто. Со намалувањето на бројот на класите, се стеснува можноста за манипулација и ќе се избегнат неправдите што ги претрпеа тутунарите оваа откупна кампања – појасни Димовски. Трајко Стојкоски чека точно 42 дена околу сто илјади денари за предадените 770 килограми тутун во Велес табак. Требаше да платат за седум до 15 дена. Од поминатите две недели по предавањето, поминаа уште шест недели, а од парите нема абер. Пунктовите се затворени и не знаме кој крај да го фатиме. Немаме ум во главата дали да бараме преку суд, дали преку здружението. Ако тужам, ќе се издолжи со месеци, можеби и години. Може фирмата да појде во стечај и да пропадни егзистенцијата. Инспекциите да ги проверат откупувачите – порачува Стојкоски.   Според, инспекциите, над 800 кооперанти имаат предадено род во Велес табак. Фирмата требаше да откупи над две илајди тони тутун. Затаија и презедоа околу 500 – 600 тони – велат од земјоделската инспекција, не објаснувајќи зошто Велес табак одолговлекува со плаќањето. Милески имал уверување од грчкиот сопственик на Струмица табак дека за неколку дена очекува четири милиони евра да го доплати родот, а за Велес табак очекува средба со одговори. Министерот Димоски обелодени дека тутунарите ќе ги добијат субвенциите од по 60 денари од килограм до крајот на мај.

Loading