ЛЕБОТ НА ЖИТО ПРИЛЕП ОСТАНУВА 20 ДЕНАРИ

Жито Прилеп нема да ја зголеми цената на лебот. Векната бел леб замесена од брашно од типот 500 од 600 грама и натаму останува 20 денари. Прилепчани нема да го почувствуваат силно последниот бран на поскапувања на лебот. Нема поскапување на лебот. Останува векната да биде 20 денари до новата жетва. Успеавме да набавиме 1500 тони пченица од стоковните резерви по пониска цена. Тоа нема да го злоупотребиме на грбот на сé посиромашните граѓани, туку ќе продаваме леб по стара цена. Ние сме единствената фирма во земјава што не го поскапи основниот прехранбен производ. Оваа определба можеме да ја смениме, само ако драстично пак поскапи нафтата – вели Горан Јанков, директор на Жито Прилеп. Од фирмата очекуваат раст на производството од 13 илјади на 20 илјади векни леб дневно. Помалите фурни го поскапија лебот од три до пет денари. Цената скокна поради растот на цените на лебот на битолскиот производител “Млин Стојчев”. Речиси нема леб под 25 денари, освен за помала тежина.

Loading