СЕ МОНТИРААТ КРАЦИТЕ НА КАРПАЛАК

Се поставува челичната конструкција на спомен обележјето за десетте загинати прилепски бранители на Карпалак. Реализацијата е во завршна фаза. За два месеци ќе се комплетира и партерното уредување на околината на кружниот тек. Се монтираат челичните краци кои ги симболизираат десетте загинати бранители. Ќе бидат поставени во централниот дел на кружниот тек – објаснува Бранко Нешкоски, раководител на ЈП ПУП. На врвот на споменикот висок 18 метри ќе се постави топка, која го означува вечниот живот. Споменикот и уредувањето на просторот чинат 36 милиони денари владини и општински пари.

Loading