ВНИМАНИЕ И ПАРИЧКА ЗА ЗДРАВЈЕ

Со песна и со спортска игра младите активисти на Црвениот крст се обидоа да соберат денар повеќе за децата со интелектуална попреченост. Под тоа мото на организаторите за 30 денари на ученици и гости им приредија гласна песна и искрена веселба од деца со посебни потреби. Се следеше и натпревар во фудбал. Групата “Трета димензија”, Денис Димоски, Христијан Тодороски пееја нивни песни и познати хитови, а вниманието го привлекоа дечињата со посебни потреби и интелектуална попреченост кои со кренати речиња и песна испратија поздрав и порака за весело детство. Настанот е социјализација на децата. Проектот е единствен и ќе се промовира во средните и основните училишта – информираат од Црвениот крст. Хуманитарната организација и Клубот на млади го организираа концертот “Подели внимание, сподели среќа”. Децата добиваат оценка за натамошниот напредок. Конфекцијата Васидора купи 200 влезници, а парите се наменети за децата со интелектуална попреченост од основното училиште “Климент Охридски”. Дел може и за Бинас – рече Сузана Чурлиноска, координатор на проектот.

Loading