ЌЕСИ ОД РЕЦИКЛИРАН ПЛАСТИЧЕН ОТПАД

Гонзалес

Планираме производство на гранулат за фирми за пластични цевки и систем папка по капка

Фирмата Гонзалес во Мало Коњари, која постои од 1992 г. е единствена во градов која произведува ќеси, најлонска фолија односно т.н мека пластика. Започнале со една машина за конфекционирање. Сега располагаат со два екструдери, флексопечатарки и погон за рециклажа активиран во 2008 г. Произведуваат пластични производи од гранулат, полиетилен со висока или ниска густина. Материјалот се екструдира, се вади фолијата, а потоа се конфекционира, односно се прават ќеси. Пластичниот отпад се конфеционира. Прво се собира и се чисти од лепила, книга, кои, доколку не се отстранат, може да ја затемнат бојата на материјалот, го окафенуваат, односно го прегоруваат. Полипропиленот или целофанот не се меша и мора да се отстранува – објаснува Гоце Дичоски од Гонзалес.

Фолии за расади

Суровина набавуваат од поефтини производители. Користат бугарски, грчки, а последно зеле гранулат од Романија. Материјалот го имало и во Панчево во Србија, но не редовно. Главно произведуваат ќеси – термофолија, фолија за земјоделие до два метри, за расади, ќеси за размер од еден, два или три килограми, вреќи, црни вреќи за ѓубре. Општо познатите услови кои се присутни на пазарот и проблемот со наплатата, во голема мера ги чувствуваат и во Гонзалез. Но работењето со големите компании им го олеснува опстојувањето. Чистата суровина или гранулатот го заменуваат со рециклиран отпаден материјал. Се наоѓа фрлена амбалажа. Компании и поединци собираат употребена пластична амбалажа, со што не само што ја заштитуваат околината, туку успеваат и да извадат лични примања да го минат месецот. На пример, Витаминка и Прилепската пиварница го собираат отпадот и го балираат. Кога ќе се собере 10-15 бали се јавуваат и ги креваме и се преработува. Не го собираат по продавници и по маркетите – вели Гоце Дичоски.

Пластичните ќеси се поиздржливи

Од вкупното производство помал дел е наменет за малопродажба. Најесто произведуваме ќеси од еден, два или 3 килограми за мерење, односно за во фрижидер, а т.н. “трегерица” не ја произведуваме бидејќи се намали потребата со законската регулатива – вели Гоце. Иднината ја гледаат во рециклажата. Планираат да доинвестираат во осовременување на произведствениот процес. Во наредните три години ќе се ориентираме на рециклажа, а полека ќе намалуваме со екструдерите. Планираме производство на ранулат за фирми кои произведуваат пластични цевки, систем папка по капка – вели Гоце Дичоски. Предност на пластичната амбалажа во споредба со хартиената е во цврстината. Ќесите се поиздржливи на вода и ниски температури.

ТРОЈНО ПОСКАПИ БИО-КЕСИТЕ

Никој не произведува биоразградливи ќеси во Македонија. Пренамената на машините е скапа инвестиција. Линијата чини околу 250 илјади евра. Треба да се сменат и конфекционерките. Тоа е крупен залак, а производот ќе биде два иполпати поскап од сегашните. Ако сега од 80 – 100 ден. се 100 ќеси, тогаш сто ќесите ќе се 300 денари. Сите трговци бараат поефтини ќеси – вели Дичоски.

Loading