ТЕХНОЛОГИЈА И ЕДУКАЦИЈА ЗА УСПЕХ

Комфи Ангел

Во 2009година благодарение на транспортерот, успеале да го задржат нивото на работа

 

Една од поуспешните фирми е Комфи Ангел. Ирена Јакимоска е првиот човек, која за неколку години ја разви компанијата до 400 работници со напор и поход по нови пазари. Во време кога владее криза за да се биде успешен, трпеливоста, скромноста и упорноста се основните три карактеристики со кои во последните неколку години се соочувала во континуитет Јакимоска, за да може да ја доведе фирмата во развојна позиција. Сé уште пред нас се големи предизвици, некогаш е лесно да се дојде на повисоко ниво, но потешко е да опстоиш. Тоа беше моја мисија, одговорност. Во текот на работната година се однесувам само како управител, како работодавец, а на крајот на годината, кога ќе биде завршната сметка, како косопственик. Секое време е тешко за приватна инцијатива. Треба да се изберат вистинските луѓе, но неопходно е и технологија. Горделива сум што преку мојот партнер од Англија, успеавме да донесеме технологија непозната, барем за прилепски услови. Структурата на работната сила беше истренирана да работи на новата технологија. Се вработија лица со месечни приходи за нормален стандард – вели Ирена Јакимоска, управител на Комфи Ангел.

Ланската година развојна

Комфи Ангел е македонско – англиска фирма, извозно ориентирана. Минатата година била една од поуспешните. Основна задача ми е да ги предвидам нештата, за да преземам мерки. Пресудната беше за опстанок 2009 г. Не беше битен профитот, туку да се задржи ликвидноста. Потешка од минатата. Во 2009 г. благодарение на транспортерот, успеавме да го задржиме нивото на работа, особено кога производите се “кабасти”. Ланиската година беше развојна. Ги дефиниравме цените и станавме конкурентни на пазарот, особено на англискиот. Недостаток беше рапидното паѓање на фунтата во споредба со еврото кое се одрази врз финансиското работење. Заклучив дека не треба да се ограничувам на еден пазар. Формирав сектор за продажба за настап на трети земји со сопствен производ. Веќе имаме и неколку договори со трети земји – вели Јакимоска. Во Комфи Ангел се применува беспрекорен систем за заштита од пожар и проект за заштита на здравјето на работниците. Во 2005 г. во Англија, ми дадоа налог да изработам процедури за здравје и заштита при работа. Беше несфатливо, зошто, толку многу да се инвестира во процедури и која е придобивката. Го сфатив како предуслов да работам за главниот купувач во Англија. Предноста е огромна – задоволување на потребите за работниците, кои се мои луѓе, на компанијата, кои се дел структурата. Нужна е грижата, луѓе да се среќни и да имаат достоинствено работно место. Втора предност е заштитата на работодавецот при евентуални непогоди. Можам мирно да спијам, целосно сум заштитена, сите се едуцирани, испитан е степенот на ризик. Не сум ставена во позиција да одговарам како работодавец за нечие невнимание – вели Јакимоска.

Освојување на Европа

Основен пазар за Комфи Ангел и понатаму ќе остане англискиот. на кој бизнис партнерот е и купувач. Фирмата имала успешна презентација на Саемот за домашен текстил во Франкфурт, од кој произлегле и договори за работа. Цел ни е настап и во Европа. Побаруваат и Австралија, и Америка, каде контејнертскиот транспорт неспорно ќе помогне. Настапуваме поинтензивно во Европа. Секторот за продажба е во процес на зацврстување. Ќе нé има и на македонскиот пазар, во секој град. Сакаме да изградиме препознатливо име – вели Јакимоска. Очекуваат нови машини за зголемување и проширување на производството.

ПЕРНИЦИ И ЈОРГАНИ ОД ПЕРДУВИ

Над 120 различни типови ја сочинуваат производствената палета на Комфи Ангел. Асортиман е текстил за домаќинство за потребите на спалната соба. Планираме друг тип на основен материјал при процесот на производство на перници и јоргани – природни пердуви – вели Јакимоска.

РАКАТА ШТО ДАВА НЕ СЕ СУШИ

Комфи Ангел донираше производи за старскиот дом и други институции, покажувајќи ја хуманоста. Сакам да подарувам. Немаме дефиниран буџет за спонзорства и донации. Донирам без да знае јавноста и без медиумска покриеност, христијански. Се чувствувам поубаво кога помагам. Очекувам компаниите да донираат во спорт и да помагаат за културни настани, а да се намали бројот на социјални случаи. Бизнисот не е социјален сектор – вели Јакимоска.

СЛУЧКА ЈА ТУРНАЛА ВО БИЗНИСОТ

Почетокот бил сосема случаен во 2004 г. Брат ми го донесе партнерот од Англија кој требаше да инвестира во друга фирма, но не се договорија. Дојдоа дома на чај. Ме прашаа дали сакам да прифатам соработка. Реков едно големо “да”, кое е поголемо од секакви договори. Дотогаш работев со бутикот “Ангел”. Почетоците беа тешки, благодарение на што станав посилна. Големо благодарам за родителите, што имаа доверба во мене, до соработникот Андру Брус од Англија, до менаџерката Билјана која е првиот вработен и верува во сите мои одлуки – вели Јакимоска.

Loading