МЕРМЕРНИОТ КОМБИНАТ КРУНИСАН ЗА БИЗНИС НА ГОДИНАТА

 

На тронот на најуспешните големи компании во прилепското стопанство, според изборот на неделникот Зенит и Регионалната стопанска комора, се искачија Мермерскиот комбинат, фабриката за кекси Дониа, конфекцијата Конфи Ангел. Меѓу средните фирми, се закитија со признанија за најбизниси во 2010 година хотелот Салида, месната индустрија Марфил и трговијата Футура, а круна за упешното работење добија и малите претпријатија Парадокс ДК електроник, кое се занимава со видео обезбедување и инсталација на алармни системи, траспортот на патници Роман и дијагностичкиот центар Оскар медикал. Редакцијата на Зенит во соработка со Регионалната стопанска комора ја оконча манифестацијата Избор на бизнис на 2010 година на гала коктел во хотелот Сонце минатиот петок. На прогласувањето присуствуваа мноштво стопанственици. Тие ја поздравија манифестацијата која, според нив, има цел да го обедини, да ги поттикне и охрабри за полесно да ги пребродат тешкотиите со кои се соочуваат во амбиент на сé посилни удари на светската економска криза. И претседателот на Регионалната комора Симон Наумоски им порача на стопанствениците да покажат жилавост и умештво во решавањето на тешкотиите во сите домени на стопанството и да влијаат на создавање на поволна деловна клима. Горан Попоски, директорот на Мермерскиот комбинат, изјави дека Комбинат лани ги зголемил производството и финасискиот обрт за 20 проценти. Годинава ќе се фокусираме на безбедноста на рударите и вработените. Сакаме да бидеме светска компанија со високи стандарди во заштитата. Битно е да учествуваме во сите регулативи, најмногу во Законот за безбедност и здравје. Многу е важна едукацијата на вработените. Мермерните блокови и плочи традиционално се извезуваат на пазарите во Италија и Шпанија. Лани се пласираа и на средниот далечен исток, во Емиратите, па и Кина, во земјите на некогашниот Советски сојуз рече – Попоски. Лани Зенит претстави 50 фирми на втората бизнис страница.. Бидејќи се повеќе фирми покажуваат интерес да се вклучат во манифестацијата, покажуваме готовност да ја продолжиме и да и дадеме тон на традиција со која ќе се демонстрираат тешкотиите и сострелите на прилепските стопанственици.

 

Loading