МИНА ПРВАТА ФАЗА ОД ПРЕДЛОГОТ – ЗАКОНОТ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ СО БЕСПРАВНИ ИЗГРАДЕНИ ОБЈЕКТИ

Министерството за транспорт и врски континуирано, вршејќи надзор преку државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, констатира значителен број бесправни градби во Македонија. Затоа, Владата му предложи на Собранието да донесе закон за третман на бесправните градби. Пред тоа претходеа серија на трибини да се информираат граѓаните и да се чуе нивното мислење. Централизацијата на власта, спроведена во раните години на македонската независност, одигра голема улога во креирањето на моментната ситуација. На локалните власти им недостигаа ингиренции и располагаа со ограничени можности да одговараат на граѓаните за преземање на градежни работи. Дополнителни тешкотии предизвика долгата и мачна транзиција и високите комунални давачки. Тоа ги оневозможи голем дел граѓаните да го остварат правото на дом по легален пат. Со предлог на законот, Македонија ќе ги исполни и обврските, преземени со виенската декларација за неформални – нелегални населби во Југоисточна Европа од 2004 година. Државата требаше да приготви национален план за исполнување на обврските, чиј рок за спроведување е 2015 година.

Со законот се опфатени објекти од значење за Македонија, објекти со намена за производство, дистрибуција и сервиси и објекти со намена за домување во стамбени куќи, според правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање и електронско комуникациски мрежи. Ќе бидат опфатени објекти во и надвор од планскиот опфат. Подносителите на барања можат да бидат физички лица, државјани на Македонија, правни лица, регистрирани во централниот регистар, институции, кои се иматели на бесправни објекти, но и странски правни и физички лица доколку ги исполнуваат условите за стекнување право на сопственост, утврдени со законот за сопственост и други стварни права.

Честопати, моите сограѓани, сопственици на бесправни објекти на земјиште купено со т.н. надворешен договор контактираа со праќање како да го остварат правото на сопственост над објектот. Да ги охрабрам дека со овој закон таа можност ќе ја остварат. За детали околу законот и потребната документација што треба да се достави во барањето ќе бидат известени со оглед на тоа дека законодавецот предвидува рок за поднесување на барањето, но и можност за прекин на постапката, доколку документацијата не е комплетирана, а за тоа ќе ги известуваат релевантните субјекти во единиците на локалната самоуправа. Увид на лице место ќе врши комисија составена од вработени во општинската, односно државната администрација. Имавме конструктивна дебата во матичната комисија за транспорт и врски во Собранието и можност да се слушнат сугестии и предлози од колегите пратеници и од позиција и од опозиција. Се согласивме дека има потреба од закон за третман на бесправните градби. Со деловничка можност за амандмани се надеваме дека ќе се допрецизира законот во второто читање, со што ќе се вградат амандманите за да се донесе добар закон, применлив за граѓаните. Со него ќе се оствари правото на сопственост над својот дом. Овој закон се заснова врз начелата на, законитост, воспоставување на правна рамка за утврдување на правен статус на бесправните градби, транспарентност и ефикасност на процедурите за утврдување на правен статус, јасно дефинирање на обврските, роковите, извршувањето и одговорноста на сите учесници во процесот на легализација.

Средствата се собрани од постапките се строго наменски и локалните самоуправи треба да ги користат за донесување на урбанистичка планска документација и изградба на инфраструктура.

Барателите, корисници на социјална помош, не плаќаат надомест за утврдување на правен статус на бесправен објект, а сите останати ќе плаќаат по 61 денар по метар квадратен од изградена површина на бесправниот објект.

Катерина Димеска – пратеник

Loading