СПОМЕНИЦИТЕ И ЗНАМЕНИТОСТИТЕ ВО ТРОЈАЧКАТА КОТЛИНА

Тројачката котлина се простира во централниот дел од Вардарска Македонија. Допира до Дреновската клисура, до Плетварскиот премин и планината Козјак. Се граничи со врвот Јасенова глава, Попадинските Чукари и со Дренска планина. Котлината ја пресекуваат Тројачката река и патот од Прилеп за Кавадарци. Патот е стар, римски, кој го поврзувал Повардарието и Пелагонија. Тројачката Котлина е еден од најбогатите терени со споменици. Има уште од пред Илинденското востание. По теренот се воделе многу борби во Балканските војни, Првата и Втората светска војна. Во Дреновската Клисура е убиен Пере Тошев во 1912 година. Закопан е во фаришките гробишта. На џадето е подигнат е мермерен споменик. Во 1994 година, локалната самоуправа ги пренесе моштите на Тошев од Фариш во дворот од црквата Благовештение, подигајќи му и скромна гробна конструкција. Источно од Фаришката Клисура подигнат е споменик за загинатите борци од тиквешките бригади, кои воделе борби, а некои и загинале. Споменикот е добро сочуван. Во близина на село Ракле подигнат е споменик за 50 загинати борци. На меѓата од селата Никодин и Ракле се наоѓа спомениче, едно бело камче закопано во земјата, да означува место на погибие на народниот херој Блажо Тодороски – Чичето од село Ресава во 1943 година. Во Никодин гордо се издига на сред село спомен – плочата, подигната во чест на престојот на Првата македонско – косовска ударна бригада во 1944 година. Споменикот на Ножот е од епопејско значење, но го нема потребното внимание. По ослободувањето подигнат е ѕидан од камен и малтер без идејно решение, само со вградена плоча на која имаше одреден натпис. Во 1960 година плочата беше искршена. Полуурнатиот споменик стоеше до воведување на плурализмот во Македонија. Во деведесеттите години, споменикот е обновен со мермерни плочи, а на врвот беше поставен мермерен крст на надморска височина од 722 метри. Во полициската станица во селото Тројаци се убиени 50 партизани по долго измачување. На местото имаше минијатурен споменик, кој сега е урнат, а плочата искршена. Во село Царевиќ подигнат е споменик на првиот партизански митинг од 1941 година. Споменик има кај селото Плетвар, во знак на загинувањето на Борка Талески – Модерното и на Лазо Филиповски – Лавски. Треба да се подигне споменик во чест на прилепскиот подвижен конгрес на кој се донесол нов статут – правилник (Устав) изработен од Пере Тошев. Уставот од 1905 година на Рилскиот конгрес ќе биде прифатен за устав на ВМРО. На патот за селото Оревоец треба да се подигне споменик на војводите од Мирче, Петре и Гога и двајца народни херои Мирче – внук на војводата Мирче Ацев и Вера Ацева.      Споменици низ Тројачката Котлина се сведоци за историјата. Должни сме да ги чуваме и да се гордееме со нив, зашто немаме видлива историја без споменици. Без обележја историјата е закопана и светот не може да ја види и да не признае. Спомениците се видливи сведоштва за делата на македонскиот народ за својата слобода.

Александар Иваноски Глоговичанец

Loading