ПРАЧКИ ВО СНОП

Вечерва во хотел Сонце

Редакцијата на Зенит во соработка со Регионалната стопанска комора вечерва од 19,30 часот крунисува уште една деловна година со изборот на најуспешните фирми во 2010 година. Прогласувањето на најуспешните фирми во хотелот Сонце ќе е во знакот на скромните резултати. Оти, станува збор за специфична година за бизнис секторот. Стопанствениците наместо ветер во грбот, имаа повеќе бура во бизнис водите, предизвикана од економската криза. Без разлика како се чувстуваа “забите” на неповолниот амбиент, економските ефекти имаат посилна важност. Содржината е во жилавоста и моќта да се ангажираат силите, да се одолеее на неповолните ветришта. Во најмала рака, стопанствениците го одржаа позитивниот тренд на производството, дел и пораснаа минимално, и тоа во услови на драстичен раст на производствените трошоци.

Вечерва ќе бидат поделени признанијата за успешно стопанисување на три големи, три средни и три мали претпријатија. Во минатите 50 броја од Зенит на втората бизнис страница пренесовме точно 50 фирми. Ги раскажаа приказните за трнливите патишта на раст, за стилот на брзо или постепено зреење, за “финтите” за одржување, за маките и за развојните ангажмани. Предлагаа механизми за подобрување на бизнис климата, сугерираа промени во регулативата, критикуваа по малку, се жалеа и лутеа, но и се фалеа за дострелите.

Ја погодивме целта. Ги поттикнеме, уште повисоко да ги засучат ракавите, да се развиваат, да прават пари, да вработуваат и да бидат општествено корисни за заедницата. Претендираме да им ги олесниме тешкотиите со кои се соочуваат, да ги стимулираме на инвентивност, да ги охрабриме да издржат, да ги поврземе едни со други и да им укажеме дека прачките кога се во сноп, не се кршат. Тоа беше мисијата која вечерва ќе има завршница и нов почеток на нова деловна година.

Зенит нема да ја оконча веќе две годишната кампања на презентација на бизнисите со вечершаново прогласување, туку ќе го одржи континуитетот. Зашто стопанството е темел и носител на денешнината и иднината, на генерациите, на прогресот.

Бесплатно претставени 50 фирми  

 

Во 2010 година ги претставивме без надомест фирмите, Бест Дизајн, Еуропрофил, Оскар Медикал, Гипсер монт, Шула комерц, Најс текстил, Белфаст Пената, Матадор, Соро Промет, Македонска куќа, Пекарница Џамбо Лукс, Мрсе 2007, Јасен Градба, Инжинеринг Марлин, Елмонт, цвеќарница Орхидеја, живинарска фарма Доле, БМ Петрол, Гурман, Парадокс ДК Електрник, Мегалит, Рони колант, 92 Робе, Украс, Кермес, Стефалек, Грација, Шума комерц, Унитурс, И.М.А.Н. компани, Електроточила, Хатра, Метал Шоле, Еуропај, Новакоски компани, Дом дизајн, Фурни тех, Сирма и Пелистер, Борче, Мартекс, Камче Промет, Ла Костас, Маговер, Ачик, Јоки Комерц, Златен крап, Анитас, Теа Дизајн и пекарницата Антомос

Лански бизнис лавреати 

Гигантот во прехранбената индустрија, “Витаминка”, фирмите “Прилепска пиварница”, “Васидора” и “Гинис” во категоријата на средни фирми, како и малите фирми “Милко ХФ”, “Трио” и “Прогрес комерц” лани ги понесоа епитетите за најуспешни фирми

Loading