СДСМ И БОЛНИЦАТА СЕ ПРЕПУКУВААТ

“Прилепскатата болница ќе стане локална и граѓаните ќе траба да патуваат во Битола за ситна интеревенција”. Ваква тврди СДСМ од Прилеп. Менаџментот на болницата е на спротивно становиште дека нема место за грижа, туку за радост, бидејќи е добиена виза од стручна комисија на лекари од Скопје за акредитација за педијатриското, интереното и хирургшкото одделение. Останатите одделенија ќе функционираат како досега, а СДСМ пласира невистини на штета на здравството. Илија Јованоски, претседателот на СДСМ, кој е ортопед во Болницата, го обвини раководството дека не успеало да ја спаси Болницата од ставање во режим на локална болница, во која нема да се вршат сите досегашни интервенции. Граѓаните ќе ја платат казната, иако не заслужуваат да се лекуваат во Битола. Како е можно болницата да се третира како локална, кога располага со кадар, опрема и е оспособена да дава здравствена заштита на повисоко ниво, а не на најниско. Како е можно во болницата да не може да се оперира рак на дојка, на дебело црево, на нозе, раце, иако кадарот е стручен – праша Јованоски. Првиот човек на Болницата Илија Богатиноски не е загрижен оти болницата добила верификација дека е стручна да ги врши сите здравствени услуги. Нема одење по болнички интервенции во други градови. Се ќе се работи тука како досега. Лекарите од СДСМ не се доволно запознаени. Болницата останува да врши ист обем на интервенции, и со добиената акредитација за педијатрија, хирушко и за интерно. Потврдено е дека располагаме со услови, кадар и техника, која се обновува со нови апарати. Очекуваме и акредитацијата за гинекологија. Имаме дозвола и вршење на постојните специјалистичко консултативни работи во радиологија, транфузиологија, лабараторија, патологија, кожни болести, максилофацијална хирургија, депо на лекови, галенска лабараторија и инфузиони раствори – вели директорот Богатиноски. Инаку, болницата темелно се реконструира со 800 илјади евра. Се менуваат прозорци и врати, се реконструираат санитарните јазли… Се гради ургентно одделение и се очекува инсталација на компјутерска томографија.

Loading