СЕ ЗАБРЗА ОТКУПОТ

Тутунарите забрзано го пеглаат тутунот. Не можат веќе да го чуваат по визбите, оти ќе мувлоса. Веќе масовно се предаваат родот во откупните компании, и покрај, според нив, ниски откупни цени. Се жалаат дека откупувачите се однесувале рестриктивно и го проценуваат родот нереално за две класи пониско, освен во Тутунскиот комбинат. Таму презеле над 1000 тони со просечна цена од 167 денари. Тутунски зел позајмици од ЕЛЕМ и МЕПСО и кредит од Тутунска банка да го плати тутунот навреме. Тутунарите стравуваат од гласините дека некои откупувачи им давале анекси на договорите за пролонгирање на рокот на исплата од седум на 45 дена. Таков бил Центротабак од Велес. Одборот за протести веќе нема сила да организира протести, оти тутунарите се истрошија и не му веруваат. Постојано оддолговлекува со некави потези, само да ја затскрие немоќта да ги организира тутунарите. Од шест декари, признаваат само 1000 килограми тутун. Што ќе им правам на останатите. Центротабак бара да потпишеме анкес за да плателе по шест ипол недели. В река ќе го фрлам, ама не го давам без пари – вели тутунар. По повеќенеделните негодувања на тутунарите, се интензивира откупната кампања. Тутунарите најавија формирање на синдикат.

Loading