ВИДЕЛО ЗА БИНАС

Зенит започнува хуманитарна акција за собирање на средства за операција во Истамбул за 15 месечната близначка Бинас Таироска. Таа не гледа, како останати деца во светот, како последица на инакубаторот во Скопје, каде била сместена, поради предвремено раѓање. Ги повикуваме сите хумани луѓе, заеднички да собереме две илјади евра, од потребните десет илјади, Бинас да се оперира. Невините очи во темнина да излезат на виделина и Бинас да му се придружи на својот брат – близнак Таир во детската игра со кукли и играчки. Зашто и таа мечтае да се радува на светлината на денот. Собраните средства ќе бидат директно префрлени на сметката на Фондот за здравство, кој ќе учествува со останатите осум илјади евра. Стасаните донации ќе бидат објавувани секој петок во Зенит. Граѓаните ќе бидат во тек со акцијата за виделина на Бинас. Имињата на донаторите нема да ги објавуваме, освен ако не посака некој од дарителите. На крајот од акцијата ќе го објавиме документот дека средствата се собрани и се испратени на сметката во Фондот, а на малата Бинас ќе и посакаме среќен пат за Истамбул и враќање дома со полни очи сјај. Средствата со назнака за Бинас, можат да се упатуваат на сметката 200002275965312 во Стопанска банка – Скопје. За деталите контактирајте ја редакцијата на Зенит на телефон 048 550 140.