РЕГИОНАЛНА ЗАЕДНИЧКА ДОКТОРСКА ПРОГРАМА ПО ПРЕТПРИЕМНИШТВО И МЕНАЏМЕНТ

НА ЕКОНОМСКИОТ ФАКУЛТЕТ ВО ПРИЛЕП

Почетокот на втората декада од овој милениум Економскиот факултет го обележува со етаблирањето на првата докторска програма од областа на претприемништвото и менаџментот на мали и средни претпријатија во земјите од Западен Балкан како трет цуклус на студии. Основата за успешен развој на структурата и моделот на оваа докторска програма е веќе развиентиот модел на докторски студии како трет циклус за општествените науки врз база на Темпус проектот, имплементиран од страна на Економскиот факултет под раководство на профорот Марика Башеска – Ѓеорѓиеска во претходниот тригодишен период. Со иновативна докторска програма, воспоставена со грантот од Европската комисија. Извршната агенција за едукација, аудиовизија и култура го одобри проектот, креиран од Економскиот факултет, а аплициран од Болоњскиот Универзитет од Италија. На Економскиот факултет се одржа почетна конференција. На работниот состанок д-р Башеска – Ѓорѓиоска и д-р Масимо Бијанки од Болоњскиот Универзитет ги елаборираа целите, делокругот и бенефициите што универзитетите, бизнис заедницата и студентите ќе ги стекнат со имплементацијата. Професорите Џоаким Вергес од Универзитетот во Барселона и Клод Бертоми од Универзитетот во Ница и Масимо Бијанки од Универзитетот во Болоња го презентираа системот на докторски студии развиен во нивните земји и ги пренесоа искуствата од најдобрите практики. Во суштина, проектот е резултат на напорите на 12 партнери – пет универзитети од Западен Балкан (Македонија, Албанија и Косово), три од ЕУ (Италија, Франција и Шпанија) како и три организации од бизнис заедницата во Македонија е една во Албанија. Проект ќе овозможи универзитетите од Западен Балкан да развијат и имплементираат нов приод во организирање на докторски програми со користење на искуството на универзитетските партнери од ЕУ, но и за развој на наставните програми (курикулумите), согласно потребите за развојот на бизнис заедницата и националната економија. Тоа ќе им помогне во развојот и имплементацијата на нови наставни методи, наменети и прилагодени за докторските студенти. Проектот ќе придонесе за развој на методологијата за истражување и примена на методите за истражување, како главен дел на докторските студии и ќе ја дефинира методологијата на распределба на ЕКТС за соодветните студиски предмети и докторска дисертација. Проектот ќе ги подобри интелектуалните и инфраструктурните капацитети на универзитетите, врз основа на инвестирањето во надградбата на знаењата и умешностите на академскиот и административен кадар и студентите, како и врз основа на големата инвестиција во современа информатичко-технолошка опрема. Универзитетот “Св. Климент Охридски” од Битола преку Економскиот факултет дава сопствен придонес во остварувањето на една од најзначајните цели на Болоњскиот процес, етаблирање на три – циклична структура во високото образование. На конференцијата имаа обраќања ректорот, д-р Златко Жоглев, деканот на Економскиот факултет д-р Ѓорѓи Манчески, регионалниот координатор на проектот д-р Марика Башеска – Ѓорѓиоска и координаторот на Темпус канцеларијата при Министерството за образование и наука Скопје, д-р Снежана Билиќ – Сотировска.

Loading