УМЕТНИЧКИ ТРАГИ СО ГРАФИЧКИ ПЕЧАТ

Сашо и Даниела Дамески, сопственици на ,,Графика дизајн”

 

Занаетчиско искуство и желба за свој стил создале каталог со мотиви од Прилеп вдлабени со компјутерски сенс и мисла 

 

Сашо и Даниела Дамески, се младите бизнисмени кои одговорно и храбро се впуштиле во графичкиот бизнис. Со 36 години, Сашо се чувствува подготвен да го спроведе стекнато на Графичкиот факултет во Битола. Бројните сознанија и можности кои ги нуди технологијата, оригиналните идејни решенија, моделирани во уникатни модели даваат брза заработка. Чаршиско дете сум. Знам како дише “јадрото” на градот. Татко ми е чевлар, а мајка ми економист. Ги споив двете во едно. Сплотени знаењето и трудољубивоста, вродија плодна бизнис фирма. Ја нарековме “Графика дизајн”, поради дејноста. Во бизнисот постои ризик, зашто е потребна голема инвестиција. За 11 години сменив четири генерации компјутери. Тоа кажува сé. Машината за гравирање, разните печатачи, фотокопири, скенери, увезените скапи репроматеријали нудат широк асортиман на можности и простор за уметнички израз но и обврзуваат – вели Дамески.

Компјутерски услуги со нежен рез

Почнал во 1999 година, а сега ангажира четворица. Ласерското гравирање изгледало идеално да создаде практичен, препознатлив израз, во чекор со современите текови на технологијата. Почнав со компјутерски услуги. Печатење (колор), ламинирање, пластифицирање, вкоричување, копирање, дигитално печатење, сито печатење на рекламен и пропаганден материјал, печат – апликации на текстил, правење на светлечки реклами за фирми, брендирање на возила, изработка на сувенири по желба на странци и наши институции. Убаво е што професијата нуди креативност. Не се издржува сам, покрај информациите за моделирање од интернет, од саеми, литература. Изработката е компјутерска, но рачен е финалниот дел – кажува Сашо. Прилеп не е развиен туристички град. Бројните приврзоци, запалки, пенкала, календари, канцелариски материјали, плакети, икони, часовници со реклами, нотеси, дрвени футроли за шишиња пијалак, медали од специјален материјал, набавен од Германија, Бугарија и Турција со издлабена графика на основата, укажуваат на вложениот, оригинален труд. Каталог од идеи со мотиви од градот вдлабени со компјутерски сенс и мисла. Графиката, како посебен стил на цртање, плени со прецизноста, чистината и нискиот рез на различните материјали. Се движиш низ просторот, забележуваш, фотографираш и потоа пренесуваш и преработуваш на компјутер. Се пренесуваат на специјална ласер машина. Нема правило, оти има широк спектар на идејни решенија. Со многу љубов се изработуваат производите. Користам лиценцирани софтвери и технологија за олеснување на работата. Штета е што економската состојба не дозволува целосно да се ослободи човек во нови инвестиции. Графиката има иднина, на која í треба подобра банкарска поддршка – рече Сашо Дамески.

Креации по диктат на пазарот

Тој е задоволен, иако потешко се работи. Доволно му е за опстанок.        Некогаш губам енергија да проценам дали муштеријата е дојден по потреба или пак да изманипулира – рече Сашо. Дамески со сопругата Даниела создаваат интересни уметнички прецизности по желба на клиентите и според потребите на пазарот. Во нив се чувствува стил кој можеби им е познат на уметниците, но во дел од нив е вградена дарбата за графичко цртање на младите таленти за компјутерски и рачен баланс при везениците.

Бујна палета за понуда

Во “Графика дизајн” прават дрвени и автоматски печати, визитки, свадбени покани, флаери, брошури, разгледници, сертификати, дипломи, налепници со лого и информации за апарати, уреди, слоган за корпоративен идентитет, заштитни знаци на хартија и на текстил. Најчести муштерии им се бизнисмените, на кои им се техничка поддршка.

Loading