ВОДИЦИ – ДЕН ЗА ПРОЧИСТУВАЊЕ НА ТЕЛОТО И УМОТ

Богојавление или Водици е празник на животот, просветлувањето, прочистувањето од гревовите, на простувањето. Преданието вели дека тој ден реките се прочистени како солза, зашто во реката Јордан бил крстен синот Божји – Исус од Јован Крстител. Верувањето е дека на тој ден, отворени се небото и земјата, да се впијат гревовите. Оние кои ќе влезат и допрат вода се духовно слободни. За Водици некои постат, а се честат и имендени – Богдан, Богољуб, Боге, Ордан, Ордена, Јордан, Јован, Јована, Војо, Војне … Подготовките околу Водици почнувале уште по Василица со замесување лепчиња во глува доба, а по селата водарки лееле вода со стомни и грнци за здравје. При крајот на јануари по селата се одредувал кумот кој морало да биде чесен, носел крст, босилек, погача, вино низ селото. “Кумот” крстот таму се шетал по строг ред. Ги посетувал одаите на селаните, фрлал сол за благослов во куќите и им посакувал здравје. Од посната софра, во чест на Св. Јован крстоносецот, носителот на крстот бил честен со костени, лебелебии, алва, јаболка, шеќерчиња. Празникот Водици го менувал денот, но датумот никогаш. Водокрст (Водопост) бил на 18.01, на 19. 01 – Богојавление (Водици), а на 20.01 Собор на Св. Јован  Крстител.Деновите околу Богојавление се познати како женски и машки водици. Едниот ден лееле вода момчињата, а другиот ден жените и посебни родилките. По храмовите се осветува вода, по реките постои традиција да се фрлат во вода за здравје намерници, а некаде на овој ден црковните служители и венчаваат стари брачни двојки.

Loading