СО ВЕРБА ВО БОГА ГО ФАТИВ КРСТОТ

Прославен Водици

Убаво и сончево време беше на празникот Водици. Посакувано за успешно реализирање на вековната традиција – фрлање на крстот. На базенот во “Сонце ГА” се збра многу народ да го прослави празникот. И 40 учесници во церемонијата. Расположени, весели. Едвај дочекаа да се фрлат во не толку ладните води. Најуспешен во фаќањето беше 22 годишниот студент Борче Петкоски. Успеа да го фати крстот. Вели со дека голема верба во Бога станал славеник, иако двапати досега се обидувал да го фати крстот. Петкоски студира на Факултетот за јавна администрација. Сакам да имам здравје, се друго ќе си дојде на свое место. Најпрво да дипломирам на Факултетот, потоа успеси во спортот. Тренирам карате – изјави Борче. Општината на победникот му подари златен крст и телевизор. Ја продолжуваме вековната традиција. Секоја година интересот за учество се зголемува – вели градоначалникот Марјан Ристески. Од прилепската епархија Петкоски доби икона. Пригодни подароци имаше и за останатите учесници, меѓу кои се наоѓаше и едно девојче. Прослава на празникот се одржа во Мало и Големо Коњари и во Тополчани.

Loading