МОЌТА И ДОВЕРБАТА СЕ ГРБ НА БАНКАТА

Разговор со М-р Стевче Димески – регионален директор за централниот регион во Стопанска Банка АД од Скопје

65 годишната традиција создава сигурност и стабилност

 

По што е различна Стопанска банка АД од Скопје од другите?

Стопанска Банка АД Скопје е флексибилна, динамична и отворена банка со стремеж за постојано испорачување на извонредни услуги на своите клиенти. При тоа ги следи нивните потреби и реагира соодветно со широкиот асортиман на услуги и производи по конкурентни цени. Би издвоил препознатливост. Стопанска банка АД Скопје во 2010 година прослави 65 годишен јубилеј. Тоа подразбира дека е банка со традиција и доверба, со актива од над една милијарда евра, вкупната капитална сила изнесува 18 отсто. Тоа ја одразува моќта и довербата. Располагаме со најширока мрежа на филијали и експозитури во Македонија, вклучително и со бројот на банкомати. Мрежата на постерминали се настојува што е можно повеќе да се доближи до комитентите. Преку електронското банкарство се нудат следење на сметките и буквално сите трансфери на средства кои како услуги од платниот промет. Тие предимства се добиваат и на шалтерите, и тоа за пониски цени. Воведени се и нови услуги на банкоматите за плаќање кредити, пренос на кредитни картички, сметки и други безготовински трансфери.

Моќата се постигнува и со богатство на услуги?

Располагаме со широка лепеза производи за населението и компаниите по флексибилни и динамични или фиксни услови, во зависност од клиентите. Кај депозитите, би го издвоил 12/13 депозитот – за орочен депозит од 12 месеци се добива 13 камати со загарантирана каматна стапка за периодот на орочување, потоа популарното детско штедење Пчелка, па Флекси депозитот за флексибилно депонирање и подигање со атрактивни каматни стапки. На страната на кредитите се флексибилниот отворен кредит или популарно ОК, потрушувачките кредити, како и станбени кредити со атрактивни каматни стапки и флексибилни услови.

Како ја оценувате 2010 година, од аспект на условите за работење, нивото на кредитирањето и успешноста?

Процесот на кредитирање во 2010 се одвиваше во услови на зголемени ризици. Банкарскиот сектор испорача позитивна стапка на кредитен раст од околу осум отсто. Тоа е кредитен раст меѓу највисоките во регионот. И тоа остварен во услови на релативно забавената економска активност. Стопанска банка АД од Скопје во 2010 година активно учествуваше во финансирањето на населението и бизнис заедницата. Приоритет се стави на квалитетот на проектите и клиенти. Сите компании, кои од кризата излегоа со иновативни производи и планови, имаа лесен пристап за финансирање на неопходните реорганизациски процеси. Овој стил, ја одржа активата на Банката во рангот на најдобрите и најголемите банки во Македонија. Добивката за 2010 година продолжува да расте и ќе биде подобра од претходната година. Продолжува определбата подеднакво да се поддржуваат и компаниите и населението во 2011 година. Очекуваме во 2011 година забрзана економската обнова во домашни и на светски рамки. Со тоа и на раст на бројот на проекти, поддржани од Стопанска банка.

Кои кредити беа најатрактивни?

Пројавен е поголем интерес за кредитните производи, заради намалувањето на каматните стапки на кредитните производи во 2010 година. Широката и разновидна понуда на кредити придонесе за раст на продажбата. Најмасовни се ненаменските кредити, поради едноставната процедура. Но, најатрактивни беа долгорочните, обезбедени кредити. Со тоа се потврди и успешноста и долгата традиција. Приоритет годинава останува стабилноста и сигурноста. Тоа е значајно за довербата на штедачите, а, од друга страна, и за понудата на долгорочни кредити со прифатливи каматни стапки и поволни услови за кредитобарателите. Затоа наше мото секогаш е страната на клиентите и пронаоѓањето на заедничко решение за динамичен раст на кредитирањето и депозитите.

Loading