РАСТАТ ФУРНИ КАКО КВАСЕЦ КАЈ ЕЛЕКТРИЧАР

Мискојна леб од Антомос

Од рачен миксер до леб по хасап

 

Мирис на леб печен на дрва се шири во населбата Тризла. Доаѓа од фурната “Антомос”. Меси, пече и продава леб сопственикот, кој пред 15 години не знаел ни “Л” од леб ниту “Б” од брашно. Со трудољубива работа, со правење на ноќта во ден, со рачно месења и сон на вреќи од брашно, веќе има три-четири функционални фурни зад себе. Сопственикот Митре Грнчески се носи со идеја да прави уште една за синот кој е средношколец во Битола. Името Антомос го ставиле по имињата на децата Антонио и Тоше, кои се мост во бракот на Митре и Снежана. Стартот не бил ниту малку лесен, оти Митре не го знаел занаетот. На ука бил кај Пајмакот и брзо ги совладал тајните. И сега не оди како подмачкано, оти растат цените на бршното, а лебот не поскапува. Од друга страна, влијае и нелојалната конкуренција. Во 1996 година останавме сите без работа. Почнав на сопствен ризик, сам да правам печка. Со бравар направивме скица и стокмивме самоделска печка. Во старата гаража почнавме производство на леб на црно. Немав абер од леб. Со ортакот Христо месевме рачно и долгот го вративме за шест месеци. После направивме фирма, но се поделивме по три години – кажува за првите чекори електричарот Митре.

Фурна во Охрид

Работата тргнала, оти биле малку фурни. Трговците доаѓале сами да земаат леб “рипнало” проиводството од 120 парчиња на 800. Мака голема беше рачното месење. Татко ми подари миксер и произведуваме многу повеќе за неполни 24 часа. Кренав нова фурна која ја регистрирав Антомос. По мажењето на помалото девојче, со зетот зедоа фурна под кирија, а сега и тие имаат сопствена во Прилеп – раскажува Грнчески. Тука не завршува развојниот пат во пекарството низ “брендот” Антомос.

– Во 2006 година купив плац за фурна во Лескоец кај Охрид. Синот таму се ожени и веќе работи со пекарница со ист квалитет за охридскиот пазар. Од една фирма излегоа неколку фурни, иако сум електротехничар – кажува Митре.

Наскоро кифли и гевреци

Пекарницата Антомос веќе го имплементира ХАСАП стандардот со поддршка на консултанската куќа. Иднината ја гледаме не само во лебот, туку и во белите печива. Размислуваме да го користиме огнот и со печење на кикирики, зрнеста храна, пакување. Полни сме со идеи и чекаме синот да порасне да ги препуштиме работите во негови раце. Бидејќи продаваме леб и во Битола, не ќе биде неможно да кренеме фурна за леб на дрва, и тоа исклучиво на бука, и во битолско – вели, сопругата и сопственичка, Снежана. Сопствениците Снежана и Митре Грнчески се упорни, полни со елан и желба за успех. Работат 24 часа и постојано размислуваат за нови идеи и проширување на бизнисот.

Loading