МОДЕРЕН МЕБЕЛ ОД ТЕА ДИЗАЈН

Се исполнува секоја желба на муштериите за функционален и современ мебел 

Компјутерски машини за кроење и кантирање

 

Современ мебел, со модерен дизајн “излегува” од фирмата Теа дизајн. Има висок квалитет на изработка, затоа што при производството се користат современи машини. Токму понатамошното модернизирање на процесот е визијата на младиот управител Горан Крстески. Иако фирмата постои од 2008 година, знаењето кое го поседува како шумарски инженер, а кое се надополнува со искуството за производство на мебел од татко му Миле, значат гаранција за успехот и оддолевање на кризата. Теа дизајн произведува мебел, врши трговија и услуги. Главно сме ориентирани на корпусен мебел и услуги. Односно кроење на плочест материјал, кантирање и трговија – објаснува управителот на Теа дизајн, Горан Крстески.

Дизајн по желба

Работат исклучиво по желба на клиентите. Како западно ориентираните фирми, не тежнеат на серии. Секое парче мебел има посебна намена за одреден простор. Се исполнува секоја желба на муштериите за функционален и современ мебел. Најнапред се слушаат барањата, а после им даваме идеи за уредување на просторот. Располагаме со квалитетни материјали – вели Крстески. Од стартот функционираат со квалитетни машини. Кризата, која ги зафати сите сфери од живеењето, се одразила и врз Теа дизајн. Добро е, кризава малку се почувствува. Минува со тешкотии и тргна работата на подобро. Располагаме со машини од последна генерација – ЦМЦ, КАТ машини… Речиси комплетен модерен машински парк. Сакаме и понатаму да инвестираме зошто најбитно е брзо, прецизно, ефикасно и квалитетно производство – вели Крстески.

Компјутерски машини за кроење

Иако започнале со современа технологија, желба им е да вложуваат во се понови и понови осовременувања на техниката , која е последен здив на модерната технологија во обработката на дрвото. Чувствуваат потреба за понови машини, затоа што постојните застаруваат а производствениот процес бара постојано нови решенија и квалитети. Недостасува уште некоја понова машина зашто им врви векот, се демодираат, се амортизираат. Купивме две нови, една компјутерска и таа беше скапа, 70 илјади евра, Сакаме пак нова да земеме. Државава не помага за кредитирање. Се плаши да дава гаранции за кредити. Кредитите се обезбедуваат само со хипотеки, а ги земавме преку гарантниот фонд. Тие исчезнаа и веќе не се даваат – објаснува Крстески. Во производството на мебел гледаат перспектива. Планираат да работат по нарачка, како што функционираат повеќето фирми на Запад. Сакаме да отвориме изложбен салон, иако работиме по порачка. Сме опремиле повеќе објекти и институции низ градов – вели Крстески, кој објаснува дека бизнисот е фамилијарен, во кој е вклучено целото семејство.

Американски плакари

Во Теа дизајн велат дека хит се “американските” плакари со лизгачки врати во последно време. Изработуваат и секаков тип на кујни, со нови бои и дезен, медијапан… Сé, освен тапациран мебел.

Loading