ЧЕСНОСТА Е ГАРАНТ ЗА УСПЕХОТ

Ресторан Анитас

Луксузен амбиент за деловни средби, контакти и ручеци

“Свежо море” со пикантни вкусови на морска храна

Топла, ненаметлива и грациозна атмосфера, со нежни тонови и снопови на светлина кои дискретно паѓаат врз прекрасно избраниот ресторански мебел, се дел од волшебство на најновиот угостителски објект во Прилеп. На излезот од градот, на местото на поранешната кафеана Казабланка, сега е со нов изглед, со нов сопственик. Ресторанот за екслузивни гости се вика Анитас. Сопственик е Влатко Илиоски. Уреден во стил, современ изглед, интересен, со луксузна светлина, аранжиран со мебелот од Анита. Пријатен е амбиентот и просторот, со што фирмата која првенствено го започна бизнисот со мебел, како и ресторан, сала за свадби, сега се прошири со несекојдневна услужна дејност . Сакавме да биде место кое ќе биде прикладно за потребите на Прилеп, бидејќи градот заслужува порепрезентативен, полуксузен објект за деловни ручеци, бизнис средби. Успеавме да ја реализираме замислата. Помогнаа наши архитекти и дизајнери. Идеите ги оформија во прекрасно решение, а финалната слика ја создадоа потврдени мајстори. Тие вложија голем труд во покомплицираното изведување – вели Влатко Иваноски, сопственик на ресторанот Анистас.

Успешен старт

На околу 100 квадрати, ресторанот располага со капацитет од околу 60 гости. Задоволни се од стартот. Од првиот чекор гостинот е и крал и цар, и негова екселенција, височество. Едноставно, закон. Се исполнува со задоволство секој гест, секоја потреба, гастрономска желба. Со нов шмект, сенс за бизнис и храбри младешки чекори, го менаџира бизнисот младиот сопственик Иваноски, следејќи ги со елан предизвиците на новото време и потребите од нестандардност. Иако има само 24 години, има премногу желба и сигурност да ја преточи својата упорност во намера Прилеп да има ресторан со европските имиџи. Не само со менито што воодушевува. Во викендите чести се семејните гости. Поразлично од другите се морските специјалитети, риби, орада, ципура… И тоа свежи. За вкусната храна се грижат искусни мајстори во кујната. Во Прилеп, се знае, не се може без скара. Тоа е традиција, заедно со прилепските специјалитети – ширден, тава… – вели Иваноски. Вложиле многу во објектот под кирија. Тежнеат да прераснат во ресторан кој ќе ги пречека не само прилепчани, туку и намерниците од цела Македонија заради извонредната местоположба на влезот, односно излезот од градот.

Гостинот се враќа

И ресторанот за свадби, кој се наоѓа над салонот за мебел Анита на стариот пат за Битола, одлично функционира, иако е време на божиќни пости. Главно е наменет за фамилијарни веселби, свадби, крштевки, матурски, дипломски и не е од типот на “а ла картно” работење или нон- стоп. Цените се пристапни и се трудиме муштериите комплетно да се задоволни со услугата, квалитетот и цената – објаснува Иваноски. Задоволниот гостин е гаранција пак да ги побара услугите. Гостинот е барометарот за успех, за понудата и побарувачката. Се зафатив да го менаџирам со волја и храброст дека ќе бидеме успешни. Најбитна е чесната работа. А кога вредно и чесно се работи, успехот е загарантиран. Се разбира, првенствено со квалитет – вели Иваноски. Угостителството е напорна работа, на која е нужна комплетна посветеност, такаречи, 24 часа.

Дочек на Нова Година

Ресторанот планира дочек на Новата Година. Покрај богатато мени, во најлудата ноќ, за забавата ќе се погрижат екстра естрадни уметници. Прекрасниот и необичен амбиент ќе биде “топ” место за незаборавен преод од една во друга година.

Салонот за мебел со традиција

Имиџот во градот Анита го изгради со продажбата на мебел. Неговиот татко Цане Иваноски меѓу првите “киниса” во сопствен бизнис со мебел. Салонот за мебел Анита нуди квалитетен мебел од домашни и странски производители. Условите и цените за плаќање се прилагодени на платежната моќ на граѓаните како со кредитни картички, така и на одложено.

Loading