РИСТЕСКИ ВО БРИСЕЛ

Делегација на ЗЕЛС, составена од градоначалниците на Прилеп, Општините Центар и Аеродром на Скопје, на Велес, на Штип и на Гостивар, учествуваше на Петтата регионална конференција на Заедничкиот консултативен комитет меѓу Македонија и Комитетот на регионите на ЕУ во Брисел. Градоначалникот Марјан Ристески, во име на ЗЕЛС, зборувал за достигнувањата на општините и предизвиците пред кои се исправени во наредниот период. Акцент ставил на остварувањето на процесот на децентрализација и на последниот извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија во 2010 година.

Loading