Млекарница”Сирма и Пелистер”
Производството од млекарницата под бугарски надзор
Тргна со производство на различни видови висококвалитни сирења “старата” прилепска млекарница под менаџерски раце на бугарско македонската компанија “Сирма и Пелистер”. Првите луѓе се задоволни од стартот на обработката на околу осум тони млеко дневно. Официјалното ставање на машините во погон се очекува при крајов на месецот. На кооперантите им гарантираат сигурност при сервисирање на обврските, а на потрошувачите препознатливо, единствено прилепско биено сирење подготвено на современа технологија и под надзор од стручен кадар.
Пресуден квалитетот на млекото
Тоде Иваноски, првиот менаџер и еден од сопствениците вели дека најпресудно за преземање под закуп на млекарницата, бил квалитетот на млекото за биено сирење и за кашкавал од овој дел од Пелагонија. Не е лесно да се раскрчува патот. Потешко се пробиваме со откуп на млеко, заради лошото искуство на сточарите со другите фирми. Тоа е единствената тешкотија со која се соочуваме. Инаку, млекото има специфичен вкус. Млекото го преработуваме во најквалитетен кашкавал, а биеното сирење е по брендот на прилепска млекарница на најдобриот мајстор. Ќе одиме напред со новата политика на повисоки цени, договор со секој фармер, плаќање на секој како што сака, со банкарски гарнции само да се стекне доверба. Располагаме со современа технологија за преработка – вели Тоде Иваноски, управител на ДОО ,,Сирма и Пелистер,, Битола – Прилепска млекара. Целта им е од прилепскиот и пелагонискиот крај да го соберат млекото. Дневно може да преработуваат околу 40 тони млеко.
Автоматизирани линии
Планираат проширување со нови линии. Инсталирана е опрема за кашкавал, од откуп до финално производство, преку пастеризација, подготовка и пакетирање. Пристигна и новата линија за преработка на јогурт, кисело млеко, бели сирења, што ја немало никогаш. Посебна линија за изварка. Произведуваме главно бели балкански сирења – саламурено и сирење “сиртаки”, што го нема, а ќе биди пренесено од Бугарија. Планираме извоз за Египет, за што се бараат поголема количества млеко. Тоа е специјално сирење по египетска технологија. Со повеќе млеко, ќе го произведуваме во Прилеп. ,,Сиртаки,, е грчки рецепт, пренесен од јужниот дел на Грција кон Бугарија, а новото сирење ,,Сирма,, е меко саламурено, пастелизирано. Први ќе го пробаат прилепчани – објаснува Иваноски. Новата фирма нема никаква врска со претходните раководства. Сметаат дека ќе ја добијат довербата кај фармерите. Нудиме соработка за одгледување на кравите, бесплатно лекување, анализи на млекото со стручна помош. Плаќањето е по желба, за седум или 15 дена, месечно со банкарска гаранција, профактури и слично. Фармерите со поголема контрола, имаат поквалитетно млеко. Откупуваме по околу осум тона дневно. Фармерите тешко се убедуваат, но полека ја разбираат сигурноста – вели Иваноски. Цената се формира според квалитетот. За прилепските фармери имаа одредени погодности.
Која е фирмата “Сирма и Пелистер”
Фирмата “Сирма и Пелистер” е составена од 80 отсто бугарски капитал и 20 проценти македонски. Бугарскиот капитал го застапуваат 4 млекари, од кои три
се меѓу првите во Бугарија со дневна преработка од околу 400 тона млеко и ги произведуваат сите млечни производи. Со Прилепска млекарница имаат договор за закуп од шест години. Во Битола градат млекарница на 3000 квадрати, за течните преработки, која ќе проработи за Нова година.