БОГАТА И КОЛОРИТНА ЛЕПЕЗА ИВЕРИЦИ

ДОО Фурнитех

На лагер 40 – дезени и автоматска кројачница 

 

Иверици во разни бои и модерни дезени нуди фирмата Фурнитех. Иако со трговија и услуги со материјали за производство на мебел се занимава само неколку месеци, богатата колоритна лепеза на иверици е надополнета и со медијапан плочи и плотни за кујна. Претходното седум – осум годинишно искуство во работата надвор од Прилеп, било пресудно за сопственикот Златко Петрески да го отпочне бизнисот, иако по професија е дипломиран електроинженер.

 

Квалитетна обработка на иверици 

Муштериите можат да најдат разни видови рамни материјали за изработка на мебел. Со модерните машини вршат квалитетно автоматско кроење на плочите и кантирање. Се вратив во Прилеп и сакав да работам тоа што знам. За старт е добро. Нудиме новитет во изборот на дезените, подобар квалитет на изработка и услуга, затоа што имаме посовремени машини за кантирање, кроење и дупчење. Кроиме на автоматска кројачница, што ја нема во градов. Таа нуди подобар квалитет на обработка. Машината е скапа инвестиција. Имаме порачано машина и за друг начин на кантирање. Работиме и криволиниски површини – објаснува Златко Петрески, сопственикот на Фурнитех.

Комбинации со метал и стакло 

За почеток, освен основното, како што е “лебот”, односно иверицата, располагаат и со лесонит, медијапан, кујнски плотни и некои други плочести материјали. Најмногу се троши иверицата, како материјал. Секаде е така. Најчест принципот на работа е доаѓање на мајстор со претходни мерки или може да дојде муштеријата да одбери материјал, па мајстор зема мерка и се сечат парчињата. Широк е изборот на разни иверици – бугарски, српски, турски, германски… На лагер се 40 дезени, со стандардни димензии 16 милиметри, и 25 и 38 итн. Грубо, цената се движи од 400 – 500 денари од квадрат за иверицата – објаснува Петрески. Планира инвестиции во бизнисот и развој. Главен интерес е трговијата и услугите со материјалите. Треба да се понудат повеќе материјали, поразлични типови, да се збогати изборот и уште машинскиот парк. Планираме и вклучување на машина за метал, стакло. Тоа е во завршна постапка. Доколку се понуди, можеби ќе се троши. Убаво би било доколку државата преземе чекори за олеснување со увозот на материјалите. Исто така, добро е да се ослободат од царинарските давачки и извозните машините – објаснува Петрески. Засега фокусирани се на обработка на плочестиот материјал. За почеток имаат доволно работна рака. Засега не планираат производство на мебел.

Loading