СО КВАЛИТЕТ ВО СИЛНА КОНКУРЕНЦИЈА

Новакоски компани – пилана со 40 годишна традиција во Кривогаштани

Иако квалитетни, домашните трупци се двојно поскапи од странските 

Македонски шуми да се прилагодат на домашните пилани и пазар 

 

Муштеријата и квалитетот се приоритети во пиланата во Кривогаштани под името Новакоски компани. Ова девиза важи веќе 40 години во фирмата на сопственикот Никола Новакоски. Тој последниве години постепено ја предава фирмата на синот Горан, но сé уште е столб со знаењето и искуството. Вели дека е задоволен од досегашниот тек на бизнисот, ориентиран на преработка на различни видови трупци во греди, штафни, летви, талпи, штици… на модерна технологија. Не е лошо, само постои голема конкрекција со неквалитетен материјал, увезен по пониски цени, додека стои квалитетот. Странските трупци се многу поефтини, оти се со лош квалитет. Материјалот од македонските шуми чини девет илјади денари, извадени на шумски пат, а увезениот 70 евра. И во странскиот се сомневам во тоа што ќе го пратат. Затоа не увезуваме – вели основачот на фирмата Никола во дворот, небаре виенски парк. Синот Горан сега го води бизнисот во современата пилана. Со кризата паднаа цените на суровините во странство. Кај нас останаа скапите трупци за преработка. Небаре овде нема криза. Високите цени на домашниот материјал за преработка во граѓа, ја намалува работата. Од друга страна, сме нападнати од странски, кој е поефтин. Со тоа опаѓа конкурентската способност. Наш е квалитетот, туѓи се муштериите, оти народот сега веќе не се гледа квалитет, туку одбира по цените – кажува Горан.

Низок квалитет на странски трупци

Главно се внесуваат борови, смрекини, елини, букови и други трупци од Бугарија, Украина, Романија, Србија, Црна Гора, БиХ… Влегува сé без никаква контрола и заштита на домашното производство. Домашните шумски претпријатија не можат да успеат да ги сметнат цените, оти трошоците се многу високи. Владее превработеност и цените се креваат со други неекономски елементи кои ја создаваат цената. Нема логика да се работи со петмина, а во странство “носи” еден. Но, тоа веќе не се толерира, бидејќи е директен зијан, преку високите цени на домашните трупци – објаснува помладиот Новакоски.

Столарите не толерираат

Сметаат дека е неисплатлив увозот на лоши трупци. Ориентирани сме кон пласман на материјали за неколку столарски фирми, кај кои не се трпи неквалитет, како што се производи испилени од увозни трупци. Луѓето бараат и добиваат квалитет. Поинаку ќе ги загубиме. Со лошите квалитети им се виткаат готовите производи – врати, прозорци или масовен мебел, и им се урива угледот и долгогодишните вложувања во создавањето на реноме. Материјалот кај нас е поквалитетен, оти е од домашните шуми, кои се попечени, во споредба со трупците пресечани во шуми во странство. Земјава е богата со шуми. Стогодинишни шуми со црна темнина сред бел ден има на Кајмакчалан. Врапче не влегува во чамот, борот, па и молика и елките – информираат Новакоски. Како и да е, тие се носат со конкурентите, убедувајќи ги луѓето дека не се исплати ефтиното, дека брзо се распаѓа и трули, едновремено напорно вложувајќи многу енергија и труд за одржување.

Loading