Традиционално КУД “Мирче Ацев” го имаше 66-тиот годишен концерт. Стотина играорци од најмала возраст, до првата постава се претставија со дел од широкиот репертоар на ора и песни, негувани со години.
Раскошниот фолклор блесна уште еднаш, а играорците везеа небаре тантела во играта на своите претци, негувајќи го богатото културно наследство