ЈАВЕ ЗА ПОЛСКИ ИСТРАЖУВАЧКИ ТРУД ЗА МАКЕДОНИЈА

Институтот за старословенска култура

Институтот за старословенска култура веќе четири години ја продолжува соработката со Институтот за словенска филологија при Универзитетот “Адам Мицкијевиќ” од Познањ, Полска, каде студираат македонски јазик 60 студенти.

– Отпечативме заедничката публикација ,,105 години од раѓањето на Јозеф Обремски”, полски ентосоциолог, кој истражувал во Порече и прв ги забележал посебностите на македонската нација и стремежот за создавање на македонска држава – велат од  Институтот.

Развојот на македонистиката меѓу двата института резултира со два меѓународни симпозиуми, теренски истражувања на полските студенти и професори заедно со македонските. Плод на соработката се магистерски и докторски студии, тези и дисертации, како и бројни предавања за македонскиот јазик, фолклор, ентологија.

Loading