ПРИЛЕП Е ВОЛШЕБЕН И ИНСПИРАТИВЕН ГРАД

Светлана Солодовникова, уметница од Русија

“Прилеп ме плени со својата култура, традиција, историја. Волшебен град е кој ме инспирира да творам и постојано да доаѓам, да го изложувам моето творештво”.

Ова го изјави уметницата Светлана Солодовникова од Москва, која ја имаше втората изложба насловена “Игнатов пат”.

Среќна е што се поврзала со Прилеп и Македонија.

– Првата изложба ја имав во Прилеп, па во Скопје, Охрид и пак во градот под Марковите кули. Тој пат е дел од мене. Прилеп, за секој странец, е фантастичен град. Историско и духовно место, кое ја плени душата. Луѓето се гостопримливи. Создадов многу пријатели, го запознав градот, земјата. Во срце и душа ми се и Прилеп и Македонија и во мојата Русија секогаш раскажувам за убавата земја во која има култура, традиција – потенцира Солодовникова, најавувајќи уметничко моден проект во градот со модниот дизајнер Евгениј Гусев. 

Loading