СВЕТЛЕЧКИ МАЈМУН ИГРА НА ЕЛКА

Мајмунот одамна е познат како маскота на градот. Имаше навивачка група, виси скоро на секое возило како украс на ретровизорот, задолжителен реквизит е на секоја градска манифестација, Прочка, Пивофест… Едноставно, симбол е на градов, со кој прилепчани се гордеат и го негуваат.

Досетливото суштество, кое е генетски најблиску до човекот, не е џабе поврзано со Прилеп. И граѓаните, и мајмунот се задрогази, сеирџии, мајтапчии.

Новата година го “издигна” мајмунот на невидени височини. Место вообичаената ѕвезда што ја краси новогодишната елка, се настамени мајмунче со банана, направено од светлечки ленти. Не секој град ја негува маскотата на ваков начин да се негува легендата за мајмунот, на кого нема кој да му го држи стапот.

Loading