Џудо
Во салата од СОУ “Р. Р. Ричко” се одржа Државното сениорско првенство во џудо во екипна конкуренција. Прилепските претставници поминаа одлично. Во машка конкуренција на три екипи најдобра е на ЏК Пролетер од тренерот Славе Димитријоски, пред скопски ЏК Миоки и домаќинот ЏК Сеишин. Во женска конкуренција втор е ЏК Сеишин, а победник ЏК Миоки. Учествуваа 50 џудисти.
Ова беше последен официјален натпревар, по кој претстои прогласување на најдобрите за 2013.