СВРТЕН ЛИСТ ВО ПОБЕДА

Фудбал

Јавноста многу очекува и во мирен, зимски период од Победа, а од клубот иако не доаѓаат официјални информации, дознаваме дека не се седи со скрстени раце и се “врти нова страница”. Новата управа нема одредено функции, но поделени се обврските за секој член. Веќе се разговарало за наградување на играчите за постигнат успех. Тоа беше вообичаено минатите децении.

Кај играчкиот кадар се водат разговори за потенцијални засилувања. Најмалку тројца со прволигашки квалитет се потребни да се приклучат. Се настојува да се задржат играчите, кои го понесоа товарот есеноска. Можно е битолчанецот Мустафов да го продолжи договорот. Поволни вести се за Гешоски, кој се опоравува после здравствениот проблем.

Се работи и на инфраструктурата. Се средуваат просториите, струјата и водата, а теренот, ако дозволат временските услови, ќе се санира од понеделник, во спротивно ќе се чека пролетта.

Loading