ОДЛУЧУВААТ ПОСЛЕДНИТЕ СЕКУНДИ

Мал фудбал: Хуманитарен турнир “Свети Никола”

Седми ден уживање на Петтиот хуманитарен турнир “Свети Никола” на Локалната, Комфи ангел и Младинската заедница. Во сениорска конкуренција на 24 екипи печат дава ефикасноста. Највисока победа оствари кумановска Баба Цана корнер со 9-1 над Елит кафе. Сепак, претходно Б. Б. Корнер загуби на стартот со 1-2 од Црна Река Возарци. Само четири екипи се со максимален ефект. Витаминка со тренерот Т. Наумоски триумфираше 1-0 над Кабелнет ветерани и 2-1 над Уникооп ФС Бленд. Ресенска Преспа со по 3-0 ги растури Еврогол и битолски Тотал фудбал. Тимот на Ветаџока двапати беше убедлив, со 3-1 над Еврогол, 4-1 над Тотал фудбал. Мите транс Секирци со 4-1 го победи Цуцул комерц, а со 2-1 Кафе Лидо. На вториот меч победничкиот гол го даде Ј. Наумоски на седум секунди пред крајот.

Каде да се појави, внимание привлекува тренерот К. Вецески, кој со тимот Инфинити со 4-0 ја разби Кожувчанка, а на дербито Спорт лајф со 1-0 го доби Ресторан Путник Битола, со голот на интернационалецот во Чешка, З. Даноски. Првата фаза завршува в сабота, а осминафиналето е в недела, четвртфиналето в понеделник, полуфиналето вторник, а за трето место и финалето в среда, покрај ревијалната Мајмуни – Полиција.

Кај ветераните, во конкуренција на шест тима, првото место го освои белградски Партизан. Во групата со 4-3 го совлада Пелистер, со 7-0 настрада Вардар. Во полуфиналето со 2-1 падна Работнички, а во финалето уште еднаш го победи Вардар, со 4-0. За Партизан играа Никиќ, Кадениќ, Миланов, Томиќ, Радоичиќ, Муф, Смиљаниќ и со седум гола најдобриот стрелец, Вучичевиќ.

– Овде сме како дома. Со навивачите се потсетивме на старите времиња. И Победа играше пред 15 илјади гледачи. Клубот се враќа на старите позиции – рече Вучичевиќ.

– Убаво е и Победа да гостува во Белград – додаде Зоран Зекиќ.

Ланскиот првак, Победа е сопрена на стартот. Покрај водствата двапати, загуби, 3-4 од Работнички и 1-2 од Сараево. Настапија: Ј. Николоски, Тенев, Н. Здравески, Милошески, Николаевски, Т. Наумоски 1, Г. Тодоровски 1, Митиќ, Стојковиќ 2 и Д. Крстески.

БОГАТ ВИКЕНД

Претстои возбудлив викенд во “Арена Сонце”. Денеска (17 ч.): Н. Текстил – Цуцул, Витаминка – Канатларци, Преспа – Ветаџока, Тотал – Еврогол, К. Ангел – К. Б. Цана. В сабота (15 ч.): Кабелнет В. – Уникооп, Елит – Ц. Река, Кафе Лидо – Цуцул, Мите транс – Најс текстил, Р. Путник – Ники комерц, С. Лајф – Фешнлинк, Инфинити – Кабелнет, Кожувчанка – Т. Пролетер.

ТРОЈЦА ЛИДЕРИ ВО “СОНЦЕ”

Турнирот “Свети Никола” беше повод на едно место да се најдат првите луѓе на три институции. Во друштво на градоначалникот Марјан Ристески беа Бошко Ѓуровски, новиот селектор на македонската репрезентација и Илчо Ѓорѓиоски, претседателот на ФФМ. Малиот фудбал ја поттикна темата за големиот.

Средбата внесе оптимизам кај гледачите во “Арена Сонце” во поглед на напорите за враќање кон старите патеки на фудбалот во Прилеп.

Loading