Изложба на 40 слики “Игнатовски пат” од Светлана Солодовникова е поставена во галеријата на ЦК “Марко Цепенков”, а ќе се затвори вторник од 19 часот. Центарот првпат ќе затвора изложба, а уметницата ќе се заблагодари делејќи чаша руска вотка.
Уметницата од Русија по вторпат отвора самостојна изложба во градот, при што се претставува со дела главно сликани во Македонија.
Солодовникова е учесник на многубројни изложби во Москва, Бугарија. Позната е како организатор на изложби, етноуметнички фестивали, на колонии, од кои дел се со меѓународен карактер. Таа беше дел и од ликовната колонија Дрен.
Солодовникова пишува за современата уметност.