ПРОПИСИ КОНТРА МЛАДИТЕ

Жени

Во женскиот фудбал највозрасните ги гази времето, а најмладите – прописите. Под 14 години не смеат да играат во сениорска конкуренција, туку само во младинска, а младинска лига – нема. Така настрада ЖФК Победа. Попусто направи сензација од 2-4 на гости кај Единство, кога домашните се жалеа за настап на 13-годишната Јована Ѓорѓиоска. Скопјанките беа немоќни на терен, но со одлука на ФФМ добија службено. Одземените бодови не се ни оддалеку проблем, колку негрижата за омасовување. Без новите генерации, остануваат на терените истите од пред 10 години. Каде тие се селат, таму стануваат шамиони, оти нови нема. Така и иднина нема. Последното есенско коло Победа со 0-7 славеше во Куманово. Билансот е шест порази и пет победи.

Табела: Кочани, Тиверија и Младост О по 30, Борец 22, Конзули и Единство по 18, Победа 15. 

Loading