КАНАТЛАРЦИ ИЗНЕНАДИ

Општинска

Во А Општинската лига прво на полусезоната е Канатларци. Постигна седум победи, две нерешени и два пораза. Загуби само на гости 2-0 од Обршани и дома 1-2 од Динамо Мажучиште. Последното коло дома со 5-0 го растури Прилеп сити. Останати: Пролетер – Тризла 3-1, Динамо – Боротино 3-0, Братство – Слога 0-2, Кадица – Чепигово 7-1, Обршани – Беровци 0-2. Карактеристики на Лигата се големиот број гостински бодови, одраз на условите за надигрување и младите состави. Има и неколку ветерани, а предводник е 54-годишниот Орде Котески од Кадица. Табела: Канатларци, Динамо и Обршани по 23, Слога и Беровци по 20, Кадица 15, Прилеп сити 12.

Во Б лигата успех на Илинден Долнени. Оствари 11 победи, една нерешена дома 1-1 со Напредок, а само еднаш загуби на гости 2-0 од истиот ривал во Крушеани. Последното коло Ц. Звезда Сенокос – Илинден 1-3. Останати: Напредок – Гарван 3-0, Силјан Штркот М. Коњари – Козара 3-0, Ново Црнилиште – Пелагонија П. Рувци 4-0, Табела: Илинден 34, Напредок и Гарван по 26, Ц. Звезда 24.

Првенствата прдолжуваат во средината на март.

Loading