ГОЛЕМИ ОЧЕКУВАЊА

Фудбал

Не стивнува атрактивноста на фудбалот и во лето и во зима, во сезона или пауза. Симпатизерите на Победа прашуваат за плановите на новата управа и спонзорите. Очекувањата се големи. Се посакува саниран терен и засилувања. Има поделеност околу амбициите. Едни се задоволни со опстанокот, со оглед на пропозициите за скратување на Втората лига, а други сметаат дека уште има шанси за второто место кое води кон Првата лига.

Сосема друго е за 11 Октомври, тим кој заостанува и е во групата на загрозени. Има мислења дека не е се загубено, треба да се вложат максимум напори напролет, оти овој клуб му треба на градот. Кога 11 Октомври бил силен, силна била и Победа.

Loading