Читателите веќе ја имаат книгата “Избрани дела” од новинарот Атанас Тасевски, претставена во Библиотеката “Борка Талески”. За делото зборуваа писателите Трајче Крстески и Петар Петрески.
Пренесени се раскази, новели, критики и интервјуа со познати личности, реализирани од Тасевски, пишувајќи во повеќе весници и списанија.
Авторот вели дека книгата е потврда на четиридецениската работа во новинарството.
Инаку, во Библиотеката утревечер во 19 часот ќе се одржи презентација на творештвото на авторот Искра Донева.