РЕЈТИНГ ПРОГРЕС

Параглајдерство

Успешна е 2013 година за параглајдеристите на Делта, а тоа се гледа на најновата рејтинг листа од светската воздухопловна федерација, ФАИ. Во прецизно слетување забележан е напредок, односно враќање на поранешните позиции. Мартин Јованоски е на високото 14, Миле Јованоски на 26. место. Најмладиот од клубот, Борјан Јованоски првпат е во групата на 30 најдобри, пласиран на 29. место.

Пласманите ќе беа уште подобри, ако учествуваа на Светското во Сараево, кое отпадна од финансиски причини.

Loading