МАРИЈАНА – СРЕБРО, МИШЕЛА – БРОНЗА

Карате

Нов меѓународен успех на близначките од КК Ронин. На Светскиот куп Карате 1 Премиер лига во Салцбург, Австрија, кај кадетките во ката, Маријана Димоска освои сребро, а Мишела бронза. Мишела далеку стигна и во борби, каде го освои петтото место. Ова беше завршен натпревар за годинава.

Идната недела се очекува конечната ранг листа на најдобрите според светската карате федерација (ВКФ). Во категоријата ката за кадетки голема е веројатноста сестрите да бидат на прво и второ место во светот.

Loading