ЕКС – ЈУ ЅВЕЗДИ ВО “СОНЦЕ”

Мал фудбал: Петти хуманитарен турнир “Св. Никола”

Партизан со Вучичевиќ, Сараево со Сушиќ

Локалната самоуправа, конфекцијата Комфи ангел и Младинската мултикултурна заедница најавија Петти хуманитарен турнир во мал фудбал “Св. Никола”. Во конкуренцијата на ветерани вторпат е меѓународен, со оглед учеството на популарни клубови од соседните земји.

Поканата за гостување во салата “Сонце” ја прифатија Партизан Белград и Сараево. Партизан првпат настапи лани со малуброен состав Алексиќ, Бербер, Кадениќ, Радоичиќ, Смиљаниќ, Вучичевиќ, Зекиќ, но по финалниот пораз 4-2 од Победа, најави засилувања. Од Сараево се очекува легендарниот Сушиќ. На странците се спротивставуваат Вардар, Пелистер и Победа. Лани за Победа играа Николоски, Манески, Стојковиќ, Крстески, Милошески, Тодоровски, Стојкоски, Здравески, Наумоски. На крајот е дуелот Македонија со Панчев и Најдоски против Србија со Банковиќ и некогашниот член на Реал, Огњеновиќ.

Привлечен дел со старт на 13 декември е сениорската конкуренција, каде е борбата за награден фонд од 600. 000 денари. Лани меѓу 32 тима победи Карпа со Јолдашев, Спиркоски, Давчев, Несторовски, Г. Тодоровски, Х. Тодоровски, Гаврилоски, Ацески, Дамески, К. Иваноски, Цветкоски.

Турнирот е посветен на починатиот Рожерио Оливеира.

СОСЕДСКИ СОПКИ

Ненадејна сопка од кој друг, ако не од соседот. Во последното коло од Третата лига лидерот Г. Коњари дома со 0-1 загуби од Млекар М. Коњари. Стрелец во 87. минута е Нешкоски. Слично помина Варош – Партизан 2-3. Останати: Младост У. – Кадино 3-2, Кожуф – Вардар 1-1, Младост К. – Росоман 3-6. Табела: Вардар и Г. Коњари по 24, Младост У., Бабуна и Варош по 23, Млекар 21, Партизан 20, Кадино 19.

Loading