ЧЕТВРТО МЕСТО

Ракомет

Тешка сезона во Супер лигата за Жито Прилеп. Порано второто место беше загарантирано, лани третото, сега падот е на четвртото, после поразот дома 28-38 (8-22) од вицепрвакот Металург. На табелата Вардар СЦБТ има 22, Металург 19, младинскиот Вардар и Жито Прилеп по девет, младинскиот Металург и штипска Кожувчанка по шест бода.

По паузата, поради репрезентацијата, за понеделник е предвидено гостувањето кај младинскиот Вардар. Ривалот беше со мака добиен дома со 29-25, кога капитенот Шалевска даде 16 гола. Ако екипата издржи, може да се надева на десетина првенствени победи. Досега има три, покрај петте порази.

Во зимската пауза, се очекува утврдување на насоката на  движење на клубот, дали ќе се бараат замени за заминатите засилувања или потпирањето ќе биде врз сопствен кадар, за максимум штедење на буџетот, со оглед на тоа што спонзорот од неодамна финансира и во ФК Победа.

Loading